Шекеринска: Прв пат има разочарување и кај најпроевропското население во С.Македонија

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, беше гостинка на Европскиот центар за политика преку видеоврска денеска каде зборуваше за геополитичките предизвици за Европската Унија и Западниот Балкан, и предупреди дека конфликтот со Бугарија ги обесхрабри и најпроевропски настроениот дел од македонското население, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што се приближува јунскиот Совет на ЕУ на кој Северна Македонија чека позитивна одлука за одржувањето на ветената прва меѓувладина конференција, за која ги исполни сите услови, министерката Шекеринска нагласи дека без „чувство на итност“ околу ЕУ интеграциите спорот со Бугарија може да се претвори во нов „замрзнат конфликт“, слично како и тој со Грција. Но, и да биде еден од најтешките удари врз про-ЕУ расположението во земјата.

– Прв пат има силно разочарување кај најпроевропските сили во Северна Македонија, луѓето во Северна Македонија секогаш оделе по тенка линија помеѓу депресија и оптимизам, објасни Шекеринска, одговарајќи на прашање за бугарската блокада, спор кој, како што рече таа, стана покомплициран сега.

Шекеринска предупреди и дека доколку се одолговлекува решавањето на проблемот, сѐ потешко ќе биде да се промени статус-квото, како што покажа и спорот со Грција со децении.

Но, освен расположението на граѓаните, опасност има и за самиот Преспански договор.

– Тоа што се случува сега е најголем удар врз Преспанскиот договор откако е потпишан затоа што клучен елемент на Преспа беше дека неговата имплементација ќе ја следи интеграцијата во НАТО и ЕУ, рече министерката.

Конкретно, употребата на новото име и промените во официјалните документи се тесно поврзани со отворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ, со што, предупреди министерката, ќе се даде оправдување да се одолговлекува реализацијата на промените предвидени со Преспанскиот договор.

За Шекеринска е јасно дека надминувањето на бугарската блокада во ЕУ е прашање пред сѐ на политичка волја, но во услови на техничка влада и претстојни избори, никој не може да гарантира дека во јуни ќе се крене ветото.

– Не можам да кажам со сигурност и искреност дека ќе има зелено светло за преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција во јуни, и не треба да ги ставаме сите јајца во иста кошница, не треба ни да ги креваме очекувањата на граѓаните. Ако има успех, добро, но тешко е да се очекува дека техничка влада може да делува, одговори министерската за одбрана на новинарско прашање. За неа притисокот треба да продолжи не само од надвор, туку пред сѐ од внатре.

Таа верува дека кога тогаш ќе се реши спорот, но до тогаш ситуацијата може да стане покомплицирана.

– Се плашам дека работите ќе станат потешки, ние ја испративме оваа порака пред две години како Франција, Данска и други имаа отпор кон проширувањето, пред сѐ кон Албанија, рековме дека шест месеци одлагање нема да ја промени нашата одлучност за домашните реформи, но дека нешто друго може да се појави како на пример нова динамика во Бугарија, и мислам дека некои колеги во ЕУ ја потценија оваа опасност, објасни Радмила Шекеринска.

Според нејзината анализа друг ризик од ова одлагање има и во кредибилитетот на Франција која највеќе инсистираше на новата преговарачка методологија за проширувањето.

– Новата методологија беше француски успех и тие имаат повеќе влог да ја одржат и развијат, ако никој не почне да преговара според новата методологија, тоа е пораз, истакна Шекеринска.

Конечно, за министерката за одбрана Европската Унија не е волшебно стапче кое ќе ги реши сите проблеми во земјата, туку поттик.

– Не ја гледам ЕУ како ветување за совршенство, ако ја студирате историјата, ниту еден ентитет, ниту една империја, ниту една република не се родила во совршенство, ниту завршила во совршенство, тоа е нешто што се подобрува, стагнира и некогаш завршува во криза, како се справуваме со кризата е она што ги дефинира шансите за успех, изјави министерката, одговарајќи на прашање дали кризите во ЕУ се една од причините за падот на оптимизмот кај граѓаните во Северна Македонија.

Таа порача дека кризата на доверба се наоѓа и кај самите граѓани на ЕУ и дека народот на Балканот гледа во шок на „комбинацијата на арогантност и криза на доверба во ЕУ“.

– Верувам дека клучно ЕУ да биде општество базирано на вредности, а тие вредности како владеењето на правото, слободата на изразување, кога ќе ги изгубите, видовме што се случува. Привлечноста на стабилократијата се покажа лажна, предупреди Шекеринска, додавајќи дека ако се анализираат земјите по почитување на основните начела на ЕУ, Северна Македонија се наоѓа „прилично високо“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе