Шест промени што ќе ви се случат ако 30 дена не внесувате шеќер

Многу студии покажаа дека со исфрлање на шеќерот од секојдневната исхрана, можеме драстично да го подобриме нашето здравје, пренесува Eat This.

Исто така, диететичарите истакнуваат дека многу промени ќе настанат во нашето тело доколку целосно се откажеме од слатката храна на 30 дена. Еве ги сите промени.

Намален ризик од рак

Извештајот од 2020 година објавен во American Journal of Clinical Nutrition покажа дека внесот на шеќер може да биде фактор на ризик во развојот на некои видови рак, со акцент на ракот на дојката. Алисон Талман, регистриран диететичар, се согласува, објаснувајќи дека откажувањето од шеќер може да го намали ризикот од одредени видови на рак.

Повеќе енергија

„Иако шеќерот е извор на енергија, најважен е типот на изворот, односно неговиот квалитет“, вели Талман, која истакнува дека рафинираните шеќери, како оние што се наоѓаат во преработената храна, колачињата, чипсовите и колачите, можат да прават да се чувствувате тромо и летаргично.

„Со откажување од овие намирници, а со тоа и од шеќер, веројатно ќе си го зголемиме нивото на енергија и ќе се чувствуваме подобро од кога било“, додава таа. Значи, ако сакаме да пробаме исхрана без шеќер цел месец, големи се шансите дека ќе доживееме природно зголемување на нивото на енергија.

Помалку дигестивни проблеми и поздрави црева

Ако сте се мачите со надуеност и непредвидлив дигестивен систем, можеби ќе сакате да се одморите од шеќерот, пренесува Eat This. Како што се покажа, исклучувањето на шеќерот од изхрааната на 30 дена може да биде корисно за нашето дигестивно здравје.

Шеќерот и рафинираните јаглехидрати ги хранат лошите бактерии во цревата, што може да доведе до дигестивни проблеми. Во овој случај има премногу лоши, а премалку добри бактерии и потенцијално може да предизвика гастроинтестинални проблеми како гасови, надуеност, дијареа или дури и запек.

Подобро здравје на забите и непцата

Од нашето најрано детство, родители нè учеле дека шеќерот е синоним за расипување на забите - и тоа со добра причина. Според Healthy Food America, возрасните кои редовно консумираат еден до два зашеќерени пијалоци на ден имаат 30 проценти повеќе стоматолошки заболувања од возрасните кои не консумираат ниту еден. Покрај тоа, истражувањето исто така покажа дека децата кои редовно пијат газирани сокови богати со шеќер имаат речиси двојно поголема веројатност да бидат изложени на ризик од расипување на забите во споредба со децата кои не пијат газирани сокови.

Помал ризик од депресија и анксиозност

Откажувањето од шеќер на еден месец не само што има позитивни ефекти врз нашето тело, туку и врз нашето размислување. Според најновото истражување, поголемото внесување на шеќер во исхраната е поврзано со поголем ризик од депресија. Посебна студија од 2019 година, исто така, покажа дека исхраната богата со шеќер може да предизвика невробиолошки промени во функцијата на мозокот, изменети емоционални состојби и зголемена анксиозност.

Помал ризик од дијабетес

Според една неодамнешна студија, истражувачите откриле дека внесот на шеќер е поврзан со повисоки стапки на дијабетес тип 2, независно од стапките на дебелина. Друга студија, која беше објавена во British Medical Journal, покажа дека без оглед на тежината или нивото на висцерални масти, пиењето само еден пијалок засладен со шеќер дневно е поврзано со зголемен ризик од дијабетес. Така, овој ризик од развој на дијабетес тип 2, кој е најчестиот облик на дијабетес, може да се намали ако можеме да го елиминираме или барем да го ограничиме внесот на додаден шеќер.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе