Шест работи кои се случуваат во телото кога немате секс

Ако долго време апстинирате од секс ни вашето тело нема да ви биде благодарно поради тоа, пишува Metro. Овие шест работи се случуваат во вашето тело ако подолг временски период немате сексуални односи.

1. Под поголем стрес сте

Во текот на сексот телото ослободува допамин, серотонин и окситоцин, познати како хормони на среќата. Наплив од овие хормони добиваме од бакнување, галење и од постигнување оргазам, а тоа помага да се опуштиме. На некои луѓе сексот ист така им е начин на дистракција од грижи и проблеми, а им помага во справување со нервозата. За среќа и мастурбацијата предизвикува сличен ефект па и самите може да си помогнете. Вежбањето исто така го зголемува нивото на овие хормони во телото.

2. Проблеми со спиењето и паметењето

И овде се важни хормоните за среќа. Серотонинот помага во регулирање на сонот и поради тоа понекогаш се чувствувате поспано по добар секс. Освен тоа, ја подобрува способноста за учење, паметење и варење на храната.

3. Послаб имунитет

Некои истражувања покажуваат дека оргазмот може да го подобри нашиот имунолошки систем. Мала студија од 2004 година спроведена на 11 луѓе откри дека оргазмот постигнат со мастурбација ја подобрува концентрацијата на адреналин и пролактин во плазмата, што е протеин кои има повеќекратни функции меѓу кои и подобрување на имунитетот.

4. Промени во вагината

Без грижа, ако немате секс 3 месеци, вашата вагина нема целосно да се промени, но подолг период апстиненција може да предизвика некакви промени.

„Сексот предизвика засилен проток на крв во вагината и природна лубрикација, што значи дека подолг период без секс може да предизвика вагиналното ткиво да стане помалку влажно и да станува потенко. Ова сепак е поретка појава кај младите и здрави жени, а почесто се појавува кај жени кои минале низ менопауза“, објаснува гинекологот Сара Велш.

5. Поголем ризик од еректилна дисфункција

Доктор Ерим Чодри предупредува дека мажите кои немаат редовен секс имаа зголемен ризик од еректилна дисфункција, особено ако станува збор за постари мажи. Редовната ејакулација го намалува ризикот од развој на рак на простата, го намалува стресот и го одржува метаболизмот.

6. Ментални проблеми

Ако сте навикнале редовно да имате секс, ненадејниот прекин може да предизвика ментални проблеми.

„Подолгиот период без секс ги напаѓа луѓето на различни начини, а тоа зависи каков ви е сексуалниот нагон. Ако имате силен сексуален нагон, подолго време без секс може да предизвика голема фрустрација. Луѓето со големо либидо во период без секс може да имаат ментални проблеми. Придобивките од редовен секс се многу, а намалувањето на стресот е една од нив. Не е работата само во физичкото задоволство, туку и психички се чувствувате поврзани со друга личност“, објаснува психологот Беки Спелман.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Љубов и секс

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе