Шилегов: Со „Брз автобуски транспорт“ до почиста средина и поквалитетен живот во Скопје

Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт: Линија 1 (исток-запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12,81 км и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север-југ од железничката станица на бул. „Босна и Херцеговина“ до бул. „Борис Трајковски“) во должина од 10,4 км со 20 автобуски станици.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“ ги образложува придобивките од проектот за брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) во Скопје или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“:

– Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила, пишува Шилегов во колумната објавена во денешен „Слободен печат“.

Шилегов укажува дека зголемениот број луѓе кои користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава. Тој посочува дека БРТ овозможува посебна траса за брзи автобуси која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај и е воведен во стотици градови ширум светот. Според Шилегов, „БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје“.

– Финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги за реконструкција на булеварите во градот, автобуските постојки и две депоа и административна зграда за Линија 1 ќе чинат 31,2 милиони евра. Или, споредено со т.н. проект „Скопје 2014“, 5-6 милиони евра помалку од партискиот музеј со восочни фигури (околу 17 милиони евра) и „Панорамското тркало“ (19,75 милиони евра). Набавката на нови нископодни автобуси за Линија 1 кои работат на компримиран природен гас (CNG) / хибрид CNG, ќе чини 9,8 милиони евра, еден милион помалку од двете фонтани на плоштад „Македонија“ и „Воинот на коњ“ кои заедно чинат над 10.8 милиони евра. Набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки и интегрирање на крстосниците во Центарот за управување со сообраќај за Линија 1 ќе чини околу 6,1 милиони евра, или помалку од „Порта Македонија“ која чини над 6,3 милиони евра, посочува тој.

Според Шилегов, за Линијата 2 од БРТ, финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги ќе чини 11,1 милиони евра, или 6,5 милиони евра помалку од фасадата на Владата за која Груевски потроши околу 17,7 милиони евра. Шилегов укажува и дека набавката на нови нископодни автобуси за Линија 2 и набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки ќе чинат околу 11 милиони евра или околу 3 милиони евра помалку од парите што ги потроши Град Скопје за префасадирање на предниот дел од постојните згради во центарот на градот, во рамките на проектот „Скопје 2014“.

– Севкупно, проектот за воведување на брз, ефикасен, економичен и еколошки транспорт во Скопје ќе чини околу 70 милиони евра за двете линии или речиси 10 пати помалку од т.н. проект „Скопје 2014“, пишува Шилегов во колумната „Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?“.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Read more

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе