УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/2022

Шкендија помина, Академија Пандев елиминирана

Филип Здравески
/ 14.07.2022 / 19:30

Во реванш натпреварите од 1. квалификациско коло во Европа конференциската лига на УЕФА од македонските претставници продолжува тетовска Шкендија, додека Академија Пандев се соочи со елиминација.

ФК Шкендија Тетово

Шкендија отпатува во Ереван со добра предност од 2:0 и уште во 2. минута истата ја зголеми кога Колумбиецот Хуан Браво си постигна автогол. Потоа во судиското надополнување на првциот дел Албанецот Сидрит Гури го дуплираше водството.

По паузата домашните прво намалија на 1:2 преку Гор Малакјан во 49. минута, а истиот играч на 11 минути пред крајот се погрижи Арарат да не претрпи пораз пред сопствената публика.

Remote video URL

Шкендија со вкупни 4:2 патува во 2. коло каде за противник ќе го има тимот на Валмиера од Латвија. Првиот натпревар се игра на 21 јули во балтичката држава.

Откако претрпе дебакл од 4:1 на гостувањето во Гдањск минатата недела, Академија Пандев се надеваше дека на реваншот во Скопје ќе го поправи впечатокот. Во 35. минута Мачеј Гајос донесе водство за Лехиа, а Димитар Митровски во 57. минута израмни на 1:1. Да не остане непорезен струмичкиот тим се погрижи Рафау Пјетжак во 82. минута.

Така, Академија Пандев со два пораза се збогува од фудбалска Европа уште по само едно коло бидејќи Лехија со вкупни 6:2 патува во 2. коло каде ќе игра против виенски Рапид.

На 21 јули натпреварувањата ги почнува и Македонија ЃП која како куп победник стартува од 2. коло. Во Скопје наредниот четврток ќе ја пречека софиска ЦСКА.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе