Шлаканицата што ја промени фудбалската историја

Текот на историјата може да го променат и најситни детали. Таква случка од доцните 50-ти во Баварија ја одлучи историјата на двата најпознати минхенски клуба - и тоа сѐ поради една шлаканица удрена на играч што подоцна стана еден од најголемите на сите времиња.

Франц Бекенбауер беше легенда на светскиот фудбал, но за навивачите на Баерн пред сѐ легенда на својот клуб. Од 1964 до 1977 година за баварскиот гигант одигра 514 натпревари и постигна 54 гола. Во овој период му помогна на клубот да освои сè што можеше да се освои, вклучувајќи ги Бундеслигата и Купот на Германија по четири пати, како и Купот на европските шампиони трипати по ред.

Кога Бекенбауер пристигна во Баерн, клубот не беше ни блиску до големината каков што е денес. Имено, во 1963 година во Германија локалните лиги се споија во една национална лига под името Бундеслига. Примени беа пет екипи од Оберлигата Југ, во која се натпреваруваше и Баерн. Клучен за пласманот во Бундеслигата беше акумулираниот резултат во последните 12 години, каде Баерн беше само шестопласиран клуб.

Згора на тоа, локалните ривали 1860 Минхен, кои беа седми на табелата, претходната сезона беа беа шампиони на Оберлига Југ и им беше дадена предност врз основа на тоа достигнување. Откако првичните протести на Баерн завршија без резултат, претседателот Нојдекер го прифати предизвикот и го ангажираше одличниот југословенски тренер Златко Чајковски. Составувајќи тим со млади таленти како Бекенбауер, Герд Милер и Зеп Мајер, тие постигнаа пласман во Бундеслигата во 1965 година.

Бекенбауер е симбол на Баерн, но не требаше да биде

Дер Кајзер, како што го нарекуваат, е олицетворение на Баерн, но всушност му беше предодредено да игра за најголемите ривали од истиот град, 1860 Минхен, до една легендарна шлаканица во 1958 година која засекогаш ја промени фудбалската историја.

Според книгата „Tor! The Story of German Football“ (Гол! Приказна за германскиот фудбал) од новинарот Ули Хесе, Бекенбауер е роден во Гизинг, работничка област во Минхен, од која талентираните деца редовно завршуваа во 1860 Минхен, додека Баерн првенствено регрутираше млади таленти од побогатите области, како што е Швабинг.

На осумгодишна возраст Бекенбауер се приклучил на локалниот тим Минхен фон 1906 за кој играл до својата 13-та година, а потоа требало да се приклучи на неговиот омилен клуб, 1860 Минхен, за кој навивал и сонувал да игра цел живот. Сепак, турнирот до 14 години во Нојбиберг, област во близина на Минхен, го натерал младиот Бекенбауер да се премисли. Во финалето, Бекенбауер и тимот на Минхен фон 1906 се сретнале токму со неговиот омилен 1860 Минхен.

Младиот бек на 1860 Минхен несвесно ја промени историјата

Претходно во полуфиналето Бекенбауер, кој во тој момент играше како напаѓач, постигна гол против Баерн, а еден од дефанзивците на 1860 Минхен беше подготвен да направи сѐ за да го спречи малиот и технички надарен напаѓач да добие шанса за гол во финалето. Од моментот кога започна финалето, тој се држеше до Бекенбауер и не штедеше средства да го спречи.

Бекенбауер не сакаше да ги трпи нападите на дефанзивците, па возврати и очигледно имаше лоша крв меѓу двајцата млади играчи. Нивната борба заврши кога дефанзивецот на 1860 Минхен година повеќе не можеше да го задржи својот гнев и му удри шлаканица в лице на Бекенбауер.

Според Ули Хесе, најверодостојното објаснување е дека шлаканицата дошла како реакција на насилниот напад на Бекенбауер. Од тој момент, Бекенбауер наводно одлучил дека никогаш нема да игра за клуб чии играчи се однесуваат така, па затоа никогаш нема да игра за 1860 Минхен. Наместо тоа, Дер Кајзер реши да му се приклучи на Баерн, а останатото е историја.

Да не била таа фамозна шлаканица, Бекенбауер подоцна сигурно ќе си ја исполнел желбата да го облече дресот на неговиот омилен 1860 Минхен и многу веројатно денес токму овој клуб ќе беше гигантот од Минхен, а не Баерн. Којзнае каква историја ќе испишел Дер Кајзер за „Белосините“.

1860 Минхен, шампион на Германија од 1965/1966, последен пат играше во германската елита во сезоната 2003/2004 кога испадна и оттогаш никогаш не се врати. Дното го допре во 2017/2018 кога играше во четвртата лига, а денес веќе шеста сезона по ред е третолигаш.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе