Шпанското село Салто де Кастро се продава за 260.000 евра

Селото Салто де Кастро, кое се наоѓа на северозападот на Шпанија, се нуди на продажба по цена од 260 илјади евра.

Селото се наоѓа на границата со Португалија во провинцијата Замора, а од Мадрид е оддалечено 3 часа возење. Селото има многу градби кои вообичаено може да се најдат во мал шпански град, има 44 домови, хотел, црква, училиште, градски базен, па дури и бараки кои биле користени за сместување на цивилната стража.

Сепак, селото нема жители бидејќи било напуштено пред повеќе од три децении. Сегашниот сопственик го купил на почетокот на 2000-тите со намера да го претвори во туристичка локација, но неговиот план бил спречен поради кризата во еврозоната.

„Сопственикот имаше сон да поседува хотел, но сѐ е запрено. Неговата желба е таков проект да се оствари во иднина“, изјави Рони Родригес од компанијата Royal Invest, која го застапува сегашниот сопственик.

„Го продавам селото бидејќи живеам во град и не можам да го одржувам“, вели сопственикот кој има над 80 години.

Огласот привлече голем интерес и забележа повеќе од 50.000 посети за само неколку дена, а околу 300 луѓе директно ја покажале својата желба за купување. Барања доаѓаат од Русија, Франција, Белгија и Обединетото Кралство, а едрн од заинтересираните веќе дал аванс за купувањето.

Селото Салто де Кастро е изградено од компанијата Ибердуро, која се занимава со производство на електрична енергија, а во него требало да бидат сместени семејствата на работниците кои работеле во близина на акумулацијата во почетокот на 50-тите години на минатиот век. Но, по завршувањето на проектот, семејствата се иселиле, па селото било целосно напуштено кон крајот на 80-тите.

И претходно селото беше понудено на продажба, но по цена од 6,5 милиони евра, па никој не се огласи. Со текот на времето беше вандализирано, па бараната сума сега е драстично помала. Денеска се продава за 260.000 евра.

На идниот сопственик ќе му требаат повеќе пари за уредување на селото и привлекување посетители, а се проценува дека е потребна инвестиција од околу 2 милиона евра за да биде 100% функционално и исплатливо.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе