Штипските родители ослободени од сметките за градинка за изминатите пет месеци

Штип, 6 август 2020 (МИА) – Штипските родители нема да ги платат сметките за градинка за изминатите пет месеци.

Oваа одлука е донесена денеска од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и директорките на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Градоначалникот, Бочварски на денешната прес-конференција рече дека одлуката треба да ја потврдат и Управните одбори и советниците.

-Во оваа ситуација по повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како Градоначалник денеска од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците април, мај, јуни, јули и август. За потсетување, овој основен паушал се наплаќал секогаш во летните месеци во претходните години. Ако бараме солидарност мораме да знаеме дека Општина Штип ќе биде првата институција која ќе биде солидарна во нашиот град, заедно со градинките и останатите институции, вели Бочварски.

Забележува дека со овој потег локалната власт покажува на дело дека се грижи за потребите на граѓаните. Постапката ќе започне денес со мој предлог до управните одбори на двете детски градинки, а ќе продолжи во Советот на Општина Штип.

-Убеден сум дека ваквата одлука брзо ќе ги помине сите филтри со цел да им помогнеме на граѓаните. Ова е трошок кој тешко се надоместува, но сметам дека ние имаме капацитет да го сносиме овој трошок со домаќинско и мудро работење, вели Бочварски.

Според проценките се работи за средства во висина од 2,8 милиони денари, кои општината ќе треба да им ги исплати на градинките.

Директорките на градинките „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, Билјана Трајчевска и Софче Атанасов истакнаа дека веќе се подготвуваат за прием на деца во септември, протоколите се исти од јуни. Во тек е анкета, на која родителите до утре треба да се изјаснат дали нивните деца сакаат да бидат згрижени во градинките. Инаку, според протоколите, бројот на дечиња во занималните ќе биде преполовен.

Родителите треба да обезбедат потврда не постара од десет дена од матичен лекар дека нивното дете е здраво, но и дека не можат да работат од дома. Носењето на децата во градинки нема да е исто како порано, дистанцата меѓу децата тешко се одржува, но нема да се прават големи групи.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе