Што би се случило при нуклеарен судир меѓу Русија и САД?

Можеби ќе ги преживеете ударите и радијацијата, но она што би следувало потоа - веројатно не.

Замислете апокалиптична сцена во која главни актери се двете водечки нуклеарни сили - САД и Русија. Со по неколку илјади боеви глави со домет кој варира помеѓу 13.000 и 15.000 километри. Секоја од нив испалува неколку нуклеарни бомби од својот арсенал взр непријателот и потоа што се случува? Доколку сте преживеале, можеби и не сте имале толку среќа колку што сте мислеле.

Барем таков е заклучокот на студијата со наслов „Global food insecurity and famine from reduced crop, marine fishery and livestock production due to climate disruption from nuclear war soot injection“ (Глобална несигурност на храна и глад од намалени земјоделски култури, морски риболов и сточарско производство поради климатските нарушувања од вбризгување саѓи од нуклеарна војна), објавено во списанието Nature Food. Авторите тврдат дека покрај уништувањето предизвикано од експлозиите и радијацијата, детонацијата на нуклеарно оружје ќе предизвика големи пожари кои би влијаеле на создавањето огромна концентрација на саѓи во атмосферата и ќе ја спречат сончевата светлина да допре до нас и до растенијата, поради што би настапила глад.

Клучот е во аерозагадувањето

Нешто слично на Земјата се случило пред 66 милиони години кога астероидот Чиксулуб удрил во Мексиканскиот Залив и предизвикал низа настани кои на крајот резултирале со изумирањето на диносауруѕите. Имено, по ударот во атмосферата се нашле милиони тони сулфат и саѓи, кои ја изладиле Земјата. Климата се променила, а изворите на храна се намалиле.

Експертот за клима и моделирање посеви, Лили Ксиа, заедно со нејзините колеги од Универзитетот Ратџерс израчунале колкава концентрација на саѓи во атмосферата по воен судир би влијаела на нашата иднина, како и влијанието врз посевите, риболовот или сточарството. За да дојдат до тие проценки користеле податоци за глобалните резерви на калории откако би се исцрпиле складираните резерви на храна.

Она што го откриле е дека дури и доколку би се пренамениле посевите кои денес се наменети за исхрана на животните или за производство на биогориво, производството на храна не би било доволно за да гарантира снабдување во поголемите држави. Значи, секоја детонација на нуклеарно оружје која произведува над 5 милиони тони саѓи би предизвикала огромен недостаток на храна во речиси секоја земја во светот.

Исто така, проценките велат дека бројот на починати од последици предизвикани од нуклеарен судир на САД и Русија може да достигне 5 милијарди луѓе, односно две третини од светската популација. Поради тоа и заклучокот дека глобалната соработка во спречување на употребата на нуклеарното оружје е и тоа како важна.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе