Што е ново во освежениот SUV F-Pace на Jaguar?

Во британската автомобилска компанија Jaguar сметат дека уште е рано за нова генерација на нивниот најголем SUV модел, кој по освежувањето и понатаму е една од најатрактивните опции во овој сегмент.

Со редизајнираниот модел F-Pace доаѓа поинаков капак на моторот со поизрасено испапчување, а „лицето“ го краси поголема маска на ладилникот и редизајнирани отвори за струење воздух, што заедно со стандардните адаптивни LED светла го прават автомобилот особено „опасен“ на изглед.

Меѓу промените на задниот дел спаѓаат куќиштата за LED светлата по пример на оние кај електричниот модел I-Pace, а со редизајнот стигна и празлична петта врата која заедно со палетот опрема R-Dynamic е дополнително обложена со црни детали.

Заснован на алуминиумска платформа, F-Pace и понатаму се нуди со дволитарски и трилитарски турбобензиски и турбодизелски мотори, со кои се нудат и благи хибридни системи, а на врвот на понудата меѓу дволитарските опции е plug in хибридот кој на возачите им нуди 400 коњски сили, што е доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за нешто повеќе од 5 секунди, како и нешто повеќе од 50 поминати километри без асистенција од моторот со внатрешно согорување.

Трилитарските шестцилиндарски турбобензиски и турбодизелски мотори во најдобар случај исто така развиваат 400 КС, а за пренос на моќноста на сите погонски опции е задолжен осумстепениот автоматски менувач.

Од Jaguar велат дека минималистички уредениот ентериер на редизајнираниот модел F-Pace е изведен во уште поквалитетни материјали. Подобрена е и звучната изолација, а возачот и сопатниците имаат на располагање уште низа „играчки“ и простор за багаж.

Тагови
реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе