Што е Сина Месечина и зошто се појавува?

Во просек, Сината Месечина се појавува на секои 2,7 години.

Сината Месечина е појава на уште една полна Месечина во ист календарски месец.

Месечината понекогаш навистина знае да посини и оваа појава е одамна позната. На пример, на 7 август 1883 година било забележано дека Месечината била сина, а истото се случило и на 26 септември 1950.

Што е причината за ова синило?

Причината за посинетата Месечина се ситните честички прашина во атмосферата. Овие честички ги расипуваат светлосните зраци, но не сите поеднакво.

Белиот зрак е хетероген, се состои од повеќе разнобојни зраци од кои секој има своја бранова должина. Повеќе се расипуваат зраците со најголема бранова должина на светлина, а тоа се зраците со црвена боја. Затоа, кога белиот месечев зрак доаѓа во нашата атмосфера поради честичките прашина најмногу се расипуваат зраците со црвена боја, а до нас стигнуваат зраци со крaтка бранова должина, а тоа се зраците со сина боја. Затоа Месечината ни изгледа сина.

Исто така, овие честички прашина, кои прават нашиот природен сателит да посини, не се обични честички. Во случајот на сината Месечина од 1883 година тие стигнале во атмосферата од вулканот Кракат, по неговата ерупција. Сината Месечина од 1950 година, пак, е последица на честички што настанале во процесот на согорување за време на големите шумски пожари во Канада.

Во просек, Сината Месечина се појавува на секои 2,7 години.

Логично е Месечина со сина боја да се појавува во месеците што имаат 31 ден, а е невозможно да се појави во февруари дури и кога е престапна година, бидејќи и тогаш февруари е пократок од временскиот период што е потребен за Месечината да помине низ сите свои фази.

Овој месец ќе имаме Сина Месечина на небото. Будејќи Супермесечина имавме на 1 август, на 30-ти истиот месец ќе има втора Супермесечина, а таа воедно ќе биде и Сина Месечина.

Сината Месечина како израз

Како фраза, изразот „сина месечина“ означува нешто што многу ретко се случува, само понекогаш или можеби никогаш. Изразот доаѓа од англискиот јазик („Blue Moon“) и е познат повеќе од 4 века. Кај нас во некои варијанти значењето одговара на изразот „кога врбата ќе роди грозје“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе