Објавени се првите сцени од мегапопуларната серија „Stranger Things“ на Netflix, како и на сите нивните официјални профили на социјалните мрежи.
Во видеото се покажуваат неколку исечоци од новите епизоди на серијата, а може да забележите дека ќе има и нови актери.
„Чекавме предолго време, буквално плачам“, „Никогаш не сум бил олку возбуден“, „Мили изгледа прекрасно“, се само некои од коментарите на фановите.
Четвртата сезона нема да биде последна. Со тоа што почекавме некое време за новата сезона, сфативме што е најдоброто за серијата, рече Рос Дафер.
Погледнете го видеото.