Што можете да исфрлите од кујната без размислување?

Сите имаме неколку работи во кујната кои стоеле таму „отсекогаш“ или трупаме чаши што ги добивме на подарок. Сега е вистинско време да се направи ред во кујната и да се исфрли вишокот.

Промотивни шишиња за вода

Можеби едно сте добиле кога сте биле со колегите на тим билдинг, друго кога сте биле на спортски натпревар, трето на промоција и тн. Веројатно имате повеќе шишиња за вода отколку што навистина ви требаат. Зачувајте ги оние што ги користите вие ​​и вашето семејство, а останатите подарете ги или донирајте ги.

Вишок чаши

Шолјите и чашите за кафе се една од работите што се множат „сами“ во кујната. Тие се едни од најчестите подароци, особено во канцеларии, а други сакаат да подаруваат чаши со пораки како: најдобра мајка, тато, син, ќерка... Бидејќи многу луѓе сакаат сами да си одберат и купа чаша, овие другите најчесто завршуваат поттурнати во задниот дел на кујнските елементи и не се користат речиси никогаш. Изберете ги оние што ви се најдраги, а останатите подарете ги, искористете ги како саксии, донирајте ги или едноставно фрлете ги ако се оштетени. Истото важи и за вишокот прибор за јадење.

Пластични садови без капаци

Сигурно сте се соочиле со оваа ситуација. Имате многу пластични садови, но на некои им ги нема капаците, или имате само капаци, без садови. Организирајте ги пластичните садови и оние кои не можете да ги користите, фрлете ги во контејнер за селекција на пластичен отпад.

Совети и мапа за селекција на отпад може да најдете ТУКА.

Оштетени садови

Можеби имате неколку скршени чинии или чаши без рачка, изгребани тавчиња и стари тенџериња. Ако можете, најдете им друга намена (најчесто како саксии), во спротивно фрлете ги бидејќи оштетувањата чест може да бидат и опасни по здравјето ако подготвувате или јадете храна од нив.

Мали апарати што не сте ги користеле најмалку две години

Ако ви е тешко да се ослободите од малите кујнски апарати, правилото на две години може да биде добар водич. Ако не сте користеле некој уред најмалку две години, постои голема можност да не го користите никогаш и само ви зафаќа место. Подарете го или донирајте го.

БОНУС СОВЕТ: Многу домаќинства во своите домови складираат нефункционална отпадна електрична и електронска опрема, не знаејќи дека таа има негативен ефект врз нивното здравје. Голем дел од таа опрема во себе содржи жива, фреон, течни отровни кристали, жива итн. Овој вид на отпад е токсично наследство на нашата дигитална ера и многу брзо успева да ја загади водата, почвата, воздухот... Според Законот за управување со електронски отпад, физичките лица не смеат да ги фрлаат старите електронски уреди заедно со останатиот комунален отпад, туку треба да ги остават на соодветни локации обележани за ее-отпад. Овие корпи за одлагање на електронски отпад најчесто ги има на места каде што се продава електрична и електронска опрема (Извор: ekocentar97.mk)

Зачини и храна со поминат рок

Во задните делови на кујнските елементи и фиоки ќе најдете зачини, супи во кесичка, прашок за печиво, ванилин шеќер, пакувања солени грицки и слично, на кои одамна им поминал рокот на траење. Нема друго решение освен да ги фрлите и да почнете да пазарите паметно. И секако, да ја организирате кујната.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе