Што посакувам да ме научеа по Сексуално oбразование во средно?

Дебатата е многу актуелна - дали да се воведе сеопфатно сексуално образование во училиштата? Од која возраст да се почне? Дали треба да премолчиме дека сме сексуални битија исто онака како што змијата ги крие нозете?

Искрено, не сум ни психолог, ни социолог, ниту некој друг тип на експерт кој би можел научно да објасни дали и зошто ни треба ваков предмет во образованието. Не, јас сум филолог (и тоа не особено успешна како таква), но пред сѐ сум жена која поминала низ образовниот систем во оваа држава (ех, во мое време), и освен некоја посета од ХЕРА во средно да ни објаснат неколку работи за безбедни сексуални одности, и по некоја презентација од Always (да, фирмата што прави хигиенски влошки) за да ми објасни нешто за менструацијата, темите за секуалното образование беа комплетно занемарени.

Дома таа тема беше секогаш отворена и основите (а мислам и повеќе) ги научив од разговори со семејството. Интернетот помогна донекаде, иако во мое време не беше многу корисен, како и фактот дека имав доста другарки со кои бевме донекаде на исто ниво на еманципација и идеи за нашите интимни животи. Но, не изостануваа приказните за тоа како ако после незаштитен однос се изнаскокаш доволно, нема да останеш трудна. Или приказните и етикетите за тоа дека ако како девојче пројавиш желба за нешто повеќе од „лапање“ - си проститутка. Или приказните за тоа како сме нечисти додека имаме менструација. Или приказните... океј, мислам дека ви станува јасно отприлика. И додека еден куп пуританци паѓаат во несвест за тоа какви ли не блуднаштини ќе ги учат децата по сексуално образование, ова се работите кои јас сакав да ми ги кажеа по тој предмет во средно (ако не и малку порано):

Ако симпатијата ме фаќа за газ/удира/непристојно задева не е знак дека му се допаѓам - тоа е малтретирање. Оваа ставка верувам дека порано треба да се спомене. И тоа не само во склоп на сексуалното образование, ова верувам дека сите треба да им го кажуваме на нашите (идни) ќерќи (и синови!). Бидејќи со охрабрување на ова однесување само создаваме нездрави конекции помеѓу непосакуваните физички контакти и искажувањето љубов/внимание кон некого. Тоа не е искажување љубов- тоа е малтретирање.

Менструацијата не е ништо срамно. Менструацијата е знак на здраво тело. Тоа не нѐ прави валкани и одвратни, туку е нормален природен процес. Хигиенските влошки не мора да ги криеме како воена тајна додека одиме до тоалет. Во ред е.

На кои сѐ начини можам да останам трудна. Некои родители едноставно не сакаат/не знаат/ не можат да го зборуваат ова со нивните деца. Иако реално, убаво би било овие информации да дојдат оттаму, во случаите кога тоа не е возможно, овие „основи“ треба да се кажат за време на образованието. За да ги немаме „скокам додека не падне сѐ од мене“ приказните.

Правилно користење на контрацепција и која заштита за што служи. Вакви минипредавања имавме (од невладини организации) во средно. Но верувајте ми, не беа доволно. Правилното користење на заштита при сексуален однос е нешто што верувам дека треба да им е објаснето на сите средношколци, па дури и може малку да им посипеме со инка во уши од ова ако одбиваат да слушнат.

Редовна посета на гинеколог не ме прави проститутка. Е со ова се имав соочено во живо откако кажав дека посетувам редовно гинеколог. Една соученичка ми рече, директно, дека само проститутки оделе на гинеколог. Памтам дека помислив дека гинеколозите сигурно не прават многу пари ако е така. Редовно одење на гинеколог е како редовно одење на забар- непријатно е, ама тоа е.

Невиноста не е нешто што ми дава повеќе вредност - исто како што губењето на истата не ми ја намалува вредноста како личност. Дај ќе ве молам, па 21 век е. Во ред е да сакате првото сексуално искуство да ви е со некој што ви значи повеќе и некој на кој што му верувате, тоа беше и мојот став. Но не беше затоа што тој „заслужил“ да ми ја „земе“ невиноста (се ужаснувам по малку од зборот), туку затоа што со него бев доволно опуштена да си бидам слободно јас. Затоа што со него ми било убаво. Затоа што нему сум му верувала. Дали нешто магично се смени во мене откако ја изгубив таа проклета невиност? Јок. Дали ја сакам назад? Ич.

Моето задоволство е исто толку важно колку и неговото. Јасно ми е зошто во минатото се форсирало задоволството на мажот. Без него, нема репродукција. Но верувам дека на младите жени треба да им се каже дека тие исто толку треба да уживаат во сексот и тоа не е воопшто ништо срамно. Ние сме сексуални битија, и во ред е да сакаме да имаме секс во кој ќе чувствуваме задоволство (а не „ради реда“ или, не дај Боже, од што мораме).

Неговото „не“ е исто толку валидно како и моето. Сексуалното необразование е исто проблематично и кон мажите. Гаиме некој култ дека мажите мора секогаш и секаде да се спремни за акција, но реално, не мора. Воопшто не мора. Не секој маж може или сака секогаш да е спремен за акција. Она што мора е да прифатиме дека исто како што јас имам право да кажам „не“, има и тој и тоа е крајот на дискусијата.

За крај, ќе повторам - немам диплома за да солам памет од научен аспект. Ова се работи кои би сакала да ми ги кажеа макар на час по биологија за да немав дополнителни прашања за мајка ми/ другарките/ интернетот потоа. Едноставно некои работи кои ќе ме направеа поподготвена за животот понатаму, наместо да учам за митохондрии. Памтите што беа митохондрии? Јас искрено не. Ама памтам како да ставам кондом и искрено тоа повеќе ми се има најдено во животот досега.

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе