Што се случува кога ќе отворите повеќе од 99 табови во Chrome?

Дали некогаш сте се запрашале што прикажува Chrome на паметните телефони кога ќе го отворите 100-тиот таб?

Производите на компанијата Google доаѓаат со различни интересни додатоци кои треба сами да ги откриете или некој да ви ги открие, а најпознати секако се пребарувањето поими како „do a barrel roll“ и „dart mission“, по што прелистувачот ќе се заврти, односно ќе го прикаже DART леталото како се руши и ја навалува страницата. Ниту прелистувачот Chrome на паметните телефони не е исклучок, па затоа денес ви го пренесуваме одговорот на прашањето што се случува кога ќе отворите повеќе од 99 табови.

Огромното мнозинство луѓе никогаш сами не би дознале што се случува кога ќе се отвори 100-тиот таб во прелистувачот Chrome, бидејќи горе-долу редовно ги затвораат старите табови на страниците што ги посетиле. Сепак, меѓу нас има луѓе кои изгледаат исто како нас, дишат ист воздух и јадат иста храна, но не се лажете - нивното сурфање на интернет може да се опише само како целосна анархија. Таквите луѓе знаат што се случува кога ќе се надмине бројката од 99 отворени табови, а ние ви ги откриваме нивните тајни.

Постојат три различни резултати во зависност од типот на оперативниот систем на вашиот паметен телефон, односно дали е iPhone или уред со Android. Корисниците на iOS ќе видат само еден, додека корисниците на Android ќе видат два резултати - еден за обични табови, другиот за инкогнито табови.

Како што можете да видите од скриншотовите на mondo.rs, кога ќе го надминете бројот од 99 отворени табови, Chrome прикажува „:D“ смешковци наместо трицифрени броеви. Сепак, Google знае зошто повеќето луѓе користат инкогнито режим, па претерувањето со отворање на ваквио табови дава поинаков резултат:

За разлика од верзијата на Android, прелистувачот Chrome не прави разлика помеѓу обичните и инкогнито табовите кога ќе го поминете бројот 99 на уредите на iPhone, туку на корисниците им го дава истиот резултат:

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе