Што се случува со морските животни за време на ураган?

Ураганите се деструктивна сила која во голема мера влијае и на подводниот свет.

Во медиумите често може да се прочитаат вести дека одреден дел од светот е погоден од ураган. По тој повод најмногу се пишува за материјални штети и човечки жртви - ако имало. Сепак, она што никогаш не го дознаваме е што се случило со животните, особено оние што биле под површината на водата во моментот кога одредена територија била зафатена од вакво силно невреме.

Експертите тврдат дека ураганите можат да создадат бранови високи до 20 метри, мешајќи постудена вода од длабочините со потопла површинска вода. Ова предизвикува формирање на струи кои можат да поместат седименти на длабочина до 100 метри - регион во кој живеат многу морски суштества. Но, ако морето се разбранува, тие во повеќето случаи ќе се преселат во подлабоки и помирни води, за да се вратат во природното живеалиште по неколку дена кога работите ќе се смират.

Remote video URL

Одредени студии покажуваат дека рибите и другите морски суштества ќе почувствуваат, врз основа на промените на притисокот и температурата, дека бура е неизбежна. Ако поради некоја причина не ги регистрираат овие промени, тоа може да резултира со нивна смрт.

Каскадни ефекти на ураганите

Брановите и струите што ги создаваат ураганите се непредвидливи, па ако некои од нив фатат морски суштества можат да ги однесат во бари и езерца од кои нема спас. Студиите спроведени по ураганот Ендрју во 1992 година сугерираат дека речиси 10 милиони риби умреле на овој начин. Покрај тоа, измешаниот талог од дното може да ги затне жабрите на рибата или промените во притисокот може да го нарушат нивото на кислород во нивната крв.

Плимата и осеката може да го наруши стационарниот морски живот, како што се тревите и коралите. Сепак, и покрај тоа, тие можат да бидат корисни, бидејќи можат да внесат поладна вода и на тој начин да влијаат на ефектите од избелувањето на коралите или дополнително да ги разнесат. Од друга страна, бурите можат да исфрлат и огромни количини ѓубре и отпад во плиткото, што за морскиот живот значи смрт; или слатка вода, која може да влијае на одредени животни и растенија, кои не поднесуваат разлики во соленоста, како и на пример делфините.

Remote video URL

Каскадните ефекти од ураган или силна бура се огромни и може да се почувствуваат неколку месеци по настанот. Експертите на НАСА проценуваат дека климатските промени во иднина можеби нема да влијаат на нивниот број колку на нивниот интензитет, што секако е лошо за нив.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе