Што се случува со руските војници кои одбиваат да се вратат на фронт во Украина?

Поради нивните претходни искуства на фронтот, некои војници бараат правен совет како да избегнат да бидат вратени во борба.

Некои руски војници одбиваат да се вратат да се борат во Украина поради нивните претходни искуства на првите борбени линии на фронтот на самиот почеток на инвазијата, според руските адвокати и активисти за човекови права.

BBC разговараше со еден таков војник.

„Не сакам да се вратам во Украина за да убивам и да бидам убиен“, рече Сергеј*, кој помина пет недели борејќи се во Украина претходно оваа година.

Тој сега е дома во Русија, откако побара правен совет како да избегне да биде вратен на фронтот.

Сергеј е само еден од стотиците руски војници за кои се вели дека побарале таква помош.

Сергеј вели дека е трауматизиран од искуството во Украина.

„Мислев дека сме руската војска, најмоќната сила во светот“, револтирано вели младиот човек.

Наместо тоа, од нив се очекуваше да се борат дури и без најосновната опрема, како што се уредите за ноќно гледање, вели тој.

„Бевме како слепи мачиња. Шокиран сум од нашата војска. Не би чинело многу да нè опремат. Тогаш зошто тоа не беше направено?“

Сергеј ѝ се придружил на војската како регрут - повеќето Руси на возраст од 18 до 27 години треба да отслужат една година задолжителна воена служба.

Но, по неколку месеци донел одлука да потпише двегодишен професионален договор врз основа на кој би земал плата.

Во јануари, Сергеј беше испратен во близина на границата со Украина на воени вежби, како што му било кажано.

Еден месец подоцна, на 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата, му беше кажано да ја премине границата.

Неговата единица речиси веднаш била мета на напад.

Кога таа ноќ се сместиле на една напуштена фарма за да спијат, нивниот командант им рекол:

„Како што сите до сега сфативте, ова не е шега“.

Сергеј вели дека бил целосно шокиран.

„Моите први мисли беа: Дали ова навистина се случува? Дали ова навистина ми се случува мене?!“

Постојано биле гранатирани, вели тој, и кога биле во движење и кога биле стационирани во текот на ноќта.

Во неговата единица од 50 луѓе загинале 10, а ранети биле уште 10.

Речиси сите негови другари биле помлади од 25 години.

Имал слушнато за руски војници кои биле толку неискусни што „не знаеле да пукаат и не знаеле која е предната и задната страна на гранатата“.

Тој вели дека неговиот конвој, кој патувал низ северна Украина, бил отсечен само четири дена подоцна, кога мостот по кој требало да поминат експлодирал и соборците пред него биле убиени во експлозијата.

Сергеј зборува за траумата од уште еден момент кога требало да ги заобиколи другарите заглавени во запалено возило пред нив.

„Беше разнесено со минофрлач или слично. Не знам што беше. Возилото се запали, а внатре имаше руски војници. Отидовме околу него и продолживме понатаму, пукајќи во движење. Не ни погледнав назад“.

Неговата единица се движеше низ украинските рурални области, но беше очигледно дека нема стратегија, вели тој.

Ветеното засилување не пристигнало, а војниците не биле доволно опремени за задачата да го заземат големиот град.

„Отидовме без хеликоптер - само во колона, како да одиме на воена парада.“

Тој верува дека неговите команданти планирале многу брзо да ги освојат упориштата и клучните градови и дека сметале на Украинците едноставно да се предадат.

„Побрзавме напред, без ровови, без извидување, никого не оставивме во позадина, па ако некој решеше да дојде зад нас и да нè нападне, немаше да бидеме заштитени. Мислам дека многу наши момци загинаа поради тоа. Да напредувавме постепено, да проверевме дали патиштата се минирани, можеше да се избегнат многу загуби.“

Поплаките на Сергеј за недостиг на опрема беа повторени во телефонските разговори, наводно, меѓу руските војници и нивните семејства, кои беа пресретнати и објавени на интернет од страна на украинските безбедносни сили.

На почетокот на април, Сергеј беше вратен преку граница во камп на руска страна.

Војниците беа повлечени од северна Украина и сега се чинеше дека се прегрупираат за да го нападнат истокот.

Подоцна истиот месец, тој добил наредба да се врати во Украина, но му рекол на командантот дека не е подготвен да замине.

„Ми рече дека тоа е мој избор. Не се ни обидоа да ни одговорат, бидејќи не бевме први“, изјави Сергеј за BBC.

Но, тој беше доволно загрижен за потенцијалната реакција на неговата единица на неговото одбивање да ја послуша наредбата, па реши да побара правен совет.

Адвокатот им рекол на Сергеј и на двајца негови колеги со сличен став да го предадат оружјето и да се вратат во штабот на нивната единица, каде што треба да достават писмо во кое ќе објаснат дека се „морално и психички исцрпени“ и не можат да продолжат да се борат во Украина.

На Сергеј му било кажано дека е важно да се врати во единицата бидејќи обичното заминување може да се толкува како дезертерство, а тоа може да заврши со двегодишна казна во дисциплинскиот баталјон.

Командантите се обидуваат да ги заплашат војниците според договорот за да останат во единиците, според зборовите на рускиот адвокат за човекови права Алексеј Табалов.

Но, тој истакнува дека постојат клаузули во руските воени закони кои им дозволуваат на војниците да одбијат да се борат ако не сакаат.

Активистот за човекови права Сергеј Кривенко вели дека не знае за кривично гонење на оние кои одбиваат да се вратат на фронтот.

Тоа не значи дека не е пробано.

Командантот во северна Русија побарал кривично гонење на подредениот кој не сакал да се врати во Украина, но воениот обвинител одбил да го покрене случајот, според документите до кои имал пристап BBC.

Ваквото дело би било „избрзано “ без да се процени штетата на воениот рок во кој учествувал дотичниот војник, објасни обвинителот.

Но, нема гаранција дека во иднина нема да има други обвиненија.

Војниците како Сергеј, кои не сакаат да се вратат на фронтот, не се невообичаени, според Руслан Левјев, уредник на Conflict Intelligence Team, медиумски проект кој ги истражува искуствата на руската војска во Украина преку доверливи интервјуа и материјали со отворен код.

Левиев вели дека неговиот тим проценува дека значително малцинство руски војници под договор биле испратени во Украина да се борат на почетокот на инвазијата и одбиле да се вратат таму.

Независните руски медиуми објавија и за стотици случаи на војници кои одбивале да бидат вратени во Украина од почетокот на април.

Неколку адвокати и активисти за човекови права интервјуирани од BBC рекоа дека редовно обезбедуваат правна помош на мажи кои се обидуваат да избегнат да бидат вратени во Украина.

Секој наш соговорник досега има работено на десетици случаи и смета дека овие војници им даваат дополнителни совети на своите колеги.

Иако Сергеј не сака да се врати на фронтот, тој сака да ја заврши преостанатата воена служба во Русија за да избегне какви било непредвидени последици.

Но, тоа значи дека иако неговото писмо за одбивање да се бори е прифатено, не постои гаранција дека тој нема да биде вратен назад во Украина во одреден момент за време на неговата преостаната служба.

„Гледам дека војната продолжува, нема да заврши“, изјави Сергеј за BBC.

„Сè може да се случи во овие месеци на задолжителна воена служба што ми остана - дури и најлошото.“

*Името на Сергеј е измислено за да се заштити неговиот идентитет

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе