Што се случува во телото кога јадеме краставица?

Со доаѓањето на пролетта се менува и содржината на фрижидерот. „Тешката“ храна ја заменуваме со полесна и која содржи голем процент вода.

Покрај тоа што содржат дури 97% вода, краставиците се корисни за нашето тело на многу начини.

Краставиците се една од тие намирници, а освен што се исклучително вкусни, тие се и многу здрави. Секако, ова се однесува на свежите краставици, а не на киселите краставички кои се полни со конзерванси.

Претпоставуваме дека најчесто ги јадете во салата, но треба да стекнете навика да ги користите сами, па дури и како ужина.

Водата со краставица е исто така исклучително популарна, па сега е идеално време да ја пробате.

Она што е исклучително добро кај краставиците е фактот што се нискокалорични и одлични за организмот.

Одлично нѐ хидрираат

Знаеме дека е исклучително важно да внесуваме доволно количество течност во текот на денот, а тоа е особено точно во потоплите денови, кои се сѐ поблиску до нас. Внесот на течности не мора секогаш да биде во форма на пијалак. Дали знаевте дека краставиците содржат дури 97% вода? Тоа ги прави совршени за хидратација на телото.

Содржат антиканцерогени супстанции

Краставиците се полни со полифеноли и лингани, кои го намалуваат ризикот од одредени видови на рак. Ова се однесува, на пример, за рак на дојка и рак на грлото на матката.

Ги зајакнуваат коските

При спомнувањето на краставиците, вашата прва асоцијација секако не се коските, но верувале или не, тие се одлични и за нив. Овој зеленчук е богат со витамин К, кој ја поддржува густината на коските и нѐ штити од фрактури. Витаминот К овозможува подобра дистрибуција на калциум во телото и игра голема улога во спречувањето на остеопорозата.

Одлични се за чистење на организмот

Со консумирање краставици помагате во чистењето на цревата. Ензимот ерепсин ги разградува протеините и на тој начин го забрзува варењето, особено месото. Покрај тоа, краставиците имаат корисен ефект врз природното намалување на високиот крвен притисок.

Го намалуваат стресот

Кога сте нервозни, полни со грижи и стресот ви е на високо ниво – изедете краставица. Имено, овој зеленчук е богат со витамин Б и на нашиот организам му помага на природен начин да се ослободи од стресот.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Здравје

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Read more

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Read more

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе