Што треба да носите во вашата патна аптека?

Сезоната на одмори е во полн ек. За да помине летниот одмор без грижи и панично барање аптека ако ни треба, не би било лошо да понесеме неколку лекови од дома што ќе се најдат „за секој случај“.

Фармацевтите велат дека, пред сè, најважно е на одмор да се земе доволна количина на лекови што се пијат како терапија, како и правилно да се чуваат (на пример, инсулински патрони или слично). Задолжително спакувајте ја и оралната контрацепција.

Таблетите против гадење им се препорачуваат на оние на кои им се гади додека возат. Со себе треба да имате и термометар, како и лекови за болка и температура (парацетамол, ибупрофен), а за бебињата - сируп или супозитории.

Неколку дена пред одење на одмор, како и за време на одморот, се препорачува да се земаат пробиотици - може да се земаат како превентивна мерка, но и за лекување на дигестивни проблеми.

На одмор може да се случат секакви непредвидени ситуации, па затоа би било погодно да се носат лекови против алергиски реакции.

Сите знаеме колку комарците можат да бидат иритирачки и колку чешањето од нивниот убод може да ни го уништи расположението. Заштитата од убоди од инсекти, велат фармацевтите, ќе овозможи вашиот одмор да помине без непотребни нервози.

Доколку сте на море и наидете на медуза, фармацевтите препорачуваат креми и гелови за кожата со разладни својства и за ублажување на чешањето.

Сепак, напоменуваат дека најважна е заштитата од сончевите зраци. Пред да излезете на сонце треба да нанесете крема со заштитен фактор 50+ и да ја повторите апликацијата неколку пати за време на престојот на сонце. Особено е важно да се заштитат децата, нагласуваат фармаколозите.

Негата на кожата по изложување на сонце е подеднакво важна - за ова се препорачуваат креми и млека за хидратација и нега (има специјални млека за после изложување на сонце, но може да се користи и секое млеко на база на пантенол).

Капките за нос, како и солен раствор, исто така, не би било лошо да ги има во патната аптека, а не треба да заборавиме и на вештачките солзи за очи, како и на хидрогенот за ушите, во случај на затнување.

Пастилите за грло ќе помогнат при гребење и засипнатост.

Пандемијата на коронавирус, иако изгледа како да сме заборавиле на неа, сè уште трае. Средствата за дезинфекција сè уште се на врвот на листата, како и заштитните маски.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе