Што треба да правите со месото пред да го ставите во фрижидер?

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, за месото во фрижидер да биде безбедно за консумирање, мора правилно да го спакувате.

Ако сакате да го ставите остатокот од месото од ручекот во фрижидер, не го пакувајте без размислување.

Големите парчиња месо, како печено месо или цело пиле, треба да се поделат на мали количини кога ќе се стават во фрижидер. Остатоците треба да се чуваат во фрижидер на температура од 4,5°C или пониска, најдоцна два часа по готвење. Ако храната била изложена на температури повисоки од 32°C, треба да се стави во фрижидер во рок од еден час. Тоа се прави за да се спречи развојот на бактерии, велат експертите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Конзумирањето храна која содржи бактерии може да ве изложи на ризик од сериозни болести. Ешерихија коли и салмонела се два вообичаени типа на бактерии кои можат да се најдат во месото. Ако сте консумирале храна која ги содржи овие бактерии, може да се развие труење со храна. Ешерихија коли може да предизвика дијареа, инфекции на уринарниот тракт, респираторни заболувања и инфекции на крвотокот, додека салмонелата предизвикува гадење, повраќање и треска.

Според Центарот за контрола на болести, поголем ризик имаат децата до пет години, трудниците, како и лицата постари од 65 години, чиј имунитет е ослабен.

Месото обработено со топлина (пржено, печено или похувано) може да се чува во фрижидер до четири дена, додека сланината или колбасот може безбедно да стојат во фрижидер до една недела.

Исто така, многу е важно да се направи правилен распоред на полиците на фрижидерот. Не е важно како е спакувана храната, бидејќи и покрај ниската температура, посилните мириси можат да се рашират на сите намирници.

Продолжете да читате >>> Внимателно со месото: Колку време смеете да го чувате во замрзнувач?

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе