Што треба да знае детето пред да тргне во 1 одделение?

Многу родители често се во дилема што треба да знае нивното дете пред да започне основно училиште.

Пред да се донесе одлука, треба да се проверат знаењата, вештините, моториката и другите параметри на детето кои откриваат дали е подготвено за училишните обврски.

Според Законот за основно образование на Р.С. Македонија, децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година. При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа. Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Запишувањето на детето во училиштето го врши тричлена комисија составена од педагог или психолог или специјален едукатор и рехабилитатор и наставник од редот на одделенските наставници. Комисијата ја формира директорот на училиштето. Доколку комисијата за запишан ученик процени дека детето има одредена развојна попреченост, а притоа родителот, односно старателот не доставил мислење/функционален профил од стручното тело за проценка, во најдобар интерес на детето е комисијата да го упати родителот, односно старателот кај стручното тело за проценка, со цел да се одредат потребните мерки за поддршка во учењето.

Интелектуалната зрелост вклучува:

  • перцепција, меморија, расудување
  • концентрација за 15 до 20 минути
  • говор, речник
  • нумеричко поимање
  • временски односи
  • препознавање на бои

Многу е важно детето да ги совладало графомоторните активности, за кои главен предуслов е развојот на фината моторика на раката. Можеме да кажеме дека детето ги совладало графомоторните вештини ако ја избрало доминантната рака за пишување, ако правилно го држи моливот со врвовите на прстите - палец, показалец и среден прст, доколку има соодветен притисок на молив на хартијата, дали може да бележи круг, квадрат, триаголник и ромб, дали го совладал боењето во рамките на линиите, дали црта препознатливи цртежи и дали знае да го напише своето име со печатни букви.

Детето не мора да знае да чита, но мора да ги има совладано вештините за предчитање

Важно е детето да ги разбере просторните односи: горе, долу, напред, зад, над, внатре, под, горе, но и да ги одреди левата и десната страна. Од детето се очекува да ги знае и разбира временските односи: вчера, денес, утре, пред, потоа, утро, пладне, вечер, предпладне, попладне, како и деновите во неделата. Што се однесува до математичките вештини, детето треба да брои до 20, да брои наназад од 10 до 0 и да ги разбира поимите подолги, поголеми, пошироки.

Во однос на говорот и јазикот, детето треба правилно да ги изговара сите звуци, да се изразува граматички, да може вербално да дефинира едноставни поими, сличности и разлики на одредени поими и да раскажува краток настан или приказна.

За да се запише во прво одделение, од детето не се очекува да знае да чита, туку мора да ги има совладано вештините за предчитање. Тоа значи дека може да ги разложи познатите зборови на звуци и слогови, да препознава кој звук започнува или завршува збор и препознава симболи на букви и броеви. Детето треба да ги знае и основните концепти за себе, како што се име и презиме, адреса, возраст, име на родителот, занимање на родителот.

Седум корисни вештини што децата треба да ги знаат пред да тргнат во училиште:

Да го напише и прочита своето име и презиме

Независност при вршење нужда

Да ги врзе врвките на обувките

Само да ја облече/соблече јакната

Само да се обуе

Самостојно да користи прибор за јадење.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе