Што треба да знаете пред да одлучите да станете веган?

А.С.
/ 17.01.2024 / 08:36

Секоја голема промена на животниот стил може да биде предизвик. Особено веганството често се смета за ризично бидејќи не е за секого.

 Нутриционистот Алекса Бикхарт и диететичарката Саманта Пајсер наведоа неколку работи за кои треба да бидеме свесни доколку планираме да се префрлиме на вегански начин на живот.

1. Веганската исхрана не е за секого

„Следењето веганска исхрана може да биде поголем предизвик за некој кој веќе бара други ограничувања во исхраната“, изјави диететичарката Алекса Бикхарт за Huffpost. Таа наведува дека веганството може да биде предизвик за луѓето кои мора строго да избегнуваат глутен или оние со дигестивни проблеми кои не можат да толерираат диета богата со влакна.

Дури и луѓето кои едноставно не сакаат одредена растителна храна може да имаат проблем со одржување на урамнотежена исхрана додека се вегани.

2. Веганството не е нужно здраво или нездраво

Постојат различни здравствени причини за избегнување на производи од животинско потекло. Според Бикхарт, идеално, веганската исхрана треба да вклучува целосна храна како што се овошје, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, семки и мешунки.

„Апсолутно можете да имате урамнотежена, хранлива исхрана и да ги задоволите сите ваши потреби за хранливи материи со веганска исхрана“, вели диететичарот Саманта Пајсер.

Таа смета дека просечниот човек, веган или не, не треба да се замара со макронутриенти или аминокиселини, туку дека е поважно да се фокусира на урамнотежена и разновидна исхрана.

3. Веганската исхрана може да биде вкусна

На интернет има тони здрави и вкусни вегански рецепти, но за оние кои сакаат да направат голема промена во нивната исхрана, неколку едноставни правила можат да бидат корисни.

Пајсер им наредува на своите клиенти да прават „оброци од растително потекло“, составени од 1/4 растителни протеини, 1/4 скроб или жито, 1/2 не-скробен зеленчук и една до две порции здрави масти, како што се јаткастите плодови или авокадо.

4. Земајте суплементи

За некои хранливи материи, најдобро е да земете додаток. „Бидејќи витаминот Б12 природно се наоѓа само во производите од животинско потекло, луѓето кои следат веганска исхрана се изложени на висок ризик од недостаток“, истакна Бикхарт.

Се препорачува да побараме од нашиот лекар да ги тестира нашите нивоа на витамин Д за да видиме дали ни треба суплементација.

Веганството претставува значителна промена во начинот на живот. Сепак, со индивидуален пристап и овие стручни совети можеме успешно да практикуваме веганска исхрана.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе