Што треба да знаете пред да влезете во теретана?

А.С.
/ 24.12.2022 / 15:47

Решивте да почнете со вежбање и ја уплативте првата членарина во теретана? Супер, но пред да почнете со вежбање, прочитајте ги овие совети.

Мора да имате план

Ако знаете што точно сакате и која е вашата фитнес цел, полесно ќе ја остварите. Без разлика дали доаѓаате во теретанаа за рекреација, слабеење, затегнување или дефиниција на мускули, без план не правите ништо. Консултирајте се со тренер и објаснете му кои се вашите цели и заедно разработете план и временска рамка за вежбање.

Внимавајте што јадете

За градење мускули ви требаат протеини, а нив главно ги има во месо, јајца и млечни производи. Сепак, немојте да јадете барем два часа пред тренинг, за да има време организмот да ја свари храната. Така ќе избеегнете мачнина и грчеви во стомакот. После тренингот, почекајте 45 минути до еден час пред да јадете. Вашата крајна фитнес цел зависи од исхраната, па повторно, консултирајте се со стручњак за да знаете која храна ќе ви помогне полесно да ги остварите зацртаните цели.

Не заборавајте да понесете вода

Кога вежбате интензивно, телото ја троши водата преку потење и потребно е да ја надополните. Редовната хидтратација е важна, не само за време на вежбањето, туку пред и потоа. Избегнете да плаќате повисока цена за флаширана вода во теретанаатаа и понесете вода со себе. Ако ви е тоа потребно, почнете да пиете и вода со додаден L-carnitine.

Носете свој пешкир

Ќе ви требаат два: еден за бришење пот, еден за да седнете на него кога користите некоја од справите за вежбање. На тој начин ќе си ја гарантирате хигиената и ќе се заштитите од бактерии што се пренесуваат преку пот. Задолжително перете ги пешкирите и облеката за вежбање после секој тренинг.

Не претерувајте

Многу е важно да си ги знаете своите граници. Не претерувајте уште на почеток, бидејќи така ризикувате да добиете воспаление на мускулите и да се откажете, но може и да се повредите. Првиот тренинг треба да биде потготвителен, особено ако не сте вежбале подолго време. Бидете умерени и разумни, за да можете постепено и без болка да ја постигнете вашата фитнес цел.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе