Што значи терминот Три Венеции?

Ако некогаш сте налетале на терминот Три Венеции, сигурно сте се запрашале што всушност значи со оглед на тоа што Венеција е една и сите знаеме која е. Ако не сте слушнале, тогаш ќе слушнете сега.

Името Три Венеции (Tre Venezie) или Тривенето (Triveneto) го означува географскиот регион составен од териториите на Тридентинска Венеција (Venezia Tridentina), Евганејска Венеција (Venezia Euganea) и Јулијанска Венеција (Venezia Giulia). Терминот Тривенето вообичаено се користи за означување на италијанските региони кои го сочинуваат регионот: Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули Венеција Џулија, со исклучок на териториите на Венеција Џулија кои денес се наоѓаат во Словенија и Хрватска.

Терминот Три Венеции се појавил за прв пат во средината на XIX век, кратко по втората војна за независност, и означувал три различни регионални ентитети, наречени „Венеција“: Венеција Проприа или Евганејска Венеција (сега Венето и Фриули), Тридентинска Венеција (Трентино Алто Адиџе) и Јулијанска Венеција (Горица, Трст и Истра).

Дефиницијата, измислена од географот од Горица, Грациадио Исаја Асколи, имала цел да го оправда италијанскиот експанзионизам кон Австро-Унгарската империја. Всушност, помеѓу 1914 и 1915 година, за да го убеди италијанското јавно мислење да се влезе во војна, пропагандата ја користела целта за ослободување на земјите во рацете на странската окупација, имено Тридентинската Венеција и Јулијанската Венеција (Евгејската Венеција веќе била припоена во 1866). На крајот на конфликтот, овие територии станале дел од Кралството Италија, но голем дел од Јулијанска Венеција ѝ бил отстапен на Југославија по поразот на Италија во Втората светска војна.

Тридентинската Венеција била така наречена од латинското име (Tridentum) на главниот град Тренто и била составена од провинциите Тренто и Болцано.

Евганејската Венеција, со своето име дадено од ридовите Евганеи, ги вклучувала провинциите Венеција, Падова, Ровиго, Верона, Виченца, Тревизо, Белуно и Удине.

Јулијанската Венеција била составена од четирите провинции Горица (Гориција), Трст (Триесте), Пула (Пола) и Истра (Фјуме).

Тагови
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе