Штраусовиот Radetzky March ги „пали“ австриските навивачи
Прекрасната атмосфера на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена пред почетокот на натпреварот помеѓу Австрија и Македонија ја направи познатата мелодија „Radetzky March“ на Јохан Штраус.
Маршот не само што ја понесе домашната публиката, туку и на австриските фудбалери им даде дополнителна доза на мотивација. „Radetzky March“ за Австријците е како неофицијална химна, композиција со која и тоа како се гордеат.