Швајцарија ја прекина својата традиционална неутралност

Швајцарија се приклучи кон санкциите кон Русија со што ја прекина својата вековна неутралност.

Богатата алпска држава, позната по својата неутралност, исто така усвои финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неутралната Швајцарија ќе ги усвои санкциите на Европската Унија против Русија, а со тоа оваа земја се откажа од својот историски неутрален статус.

„Со оглед на континуираната воена интервенција на Русија во Украина, Федералниот совет на 28 февруари одлучи да ги усвои пакетите санкции наметнати од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на Владата. Швајцарија усвои и финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кои ќе стапат на сила веднаш, се вели во соопштението.

„Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ; таа ќе обезбеди резерви на помош за луѓето кои побегнаа во Полска“, соопшти Владата. Швајцарскиот претседател Ињацио Касис во неделата рече дека е „многу веројатно“ Швајцарија да ја следи политиката на ЕУ.

Швајцарија мораше да избере помеѓу тоа да покаже солидарност со Западот во однос на, како што вели, сериозното кршење на меѓународното право на Москва, или да ја задржи својата традиционална неутралност, за која вели дека може да ја направи потенцијален посредник.

Но, таа се соочи со зголемен притисок јасно да застане на страната на Западот против Москва и да усвои казнени санкции.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе