По долга пауза, Арнолд Шварценегер на обожавателите им даде увид во неговата сегашна фитнес рутина. Со фотографија од теретана на која ги вежба бицепсите, тој го одушеви корисниците на Instagram.
На црно-белата фотографија Шварценегер носи сива маица додека ги тренира рацете. Навистина е тешко да се поверува дека следниот месец ќе полни 75 години.
Во октомври, минатата година тој изјави дека неговата рутина на вежбање е променета.
„Одлучив да ја адаптирам на мојата возраст, да го направам тренингот малку поинаков и да се фокусирам да останам со вита става и избегнам повреди“.
Повеќе не тренира за да освои титула, туку поради здравјето. За него тоа значи тренирање 6 дена во неделата по пет серии од 20 повторувања на секоја вежба.