Шверцерите ги фрлале децата в море пред да потоне бродот со мигранти во Италија

Мигрантите кои го преживеаја смртоносниот бродолом во близина на италијанскиот брег ги обвинија шверцерите со луѓе дека ги фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и со тоа полесно да избегаат од крајбрежната стража. Да потсетиме, брод со мигранти потона вчера, при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца.

Околу 80 мигранти го преживеаја бродоломот. Властите стравуваат дека бројот на загинати може да надмине 100, бидејќи некои преживеани рекоа дека околу 200 луѓе од Иран, Пакистан и Авганистан биле на дрвениот брод кога тој ја напуштил Турција.

Бродот удрил во карпестите гребени, се распаднал и потонал пред зори во неделата кај италијанскиот брег. Додека спасувачите сè уште трагаат по преживеани, Италија го бара одговорниот за оваа страшна трагедија.

Некои го вперија прстот кон десничарската премиерка Џорџа Мелони и нејзината строга политика во однос на мигрантите. Од друга страна, Мелони ја префрли вината на „нехуманите трговци со луѓе“.

„Во еден момент шверцерите почнаа да ги фрлаат децата во морето. Ги фаќаа за раце и ги фрлаа“, изјави еден од преживеаните за италијанскиот весник La Stampa, пренесува Daily Mail.. Меѓу загинатите, наводно, има 14 деца.

Remote video URL

Медиумите јавуваат дека се уапсени тројца осомничени трговци со луѓе, а полицијата трага по четврти.

Серхио ди Дато, шеф на тимот на Лекари без граници, им нуди психолошка помош на преживеаните. Тој вели дека многу деца по несреќата останале сирачиња.

„Дванаесетгодишен Авганистанец го загуби целото семејство, девет од нив - четворица браќа и сестри, родителите и блиски роднини“, изјави тој за новинарите. Организацијата Save the Children соопшти дека има многу исчезнати малолетници.

Оттаму додаваат дека преживеаните опишале како во текот на ноќта, во близина на брегот, слушнале силен тресок, бродот се распаднал и сите паднале во морето. Преживеаните биле во шок, а некои велат дека виделе роднини како паѓаат во водата и исчезнуваат или умираат.

„Медитеранот е огромна масовна гробница“

16-годишник од Авганистан ја загубил својата 28-годишна сестра, која починала на плажата покрај него. Нема сила да им каже на родителите. 43-годишен маж од Авганистан преживеал заедно со својот 14-годишен син, но неговата сопруга и уште три деца на возраст од 13, девет и пет години не преживеале. Авганистанка во солзи не мрда од плажата откако го изгубила сопругот.

„Ова е уште една трагедија што се случува во близина на нашите брегови. Тоа нè потсетува дека Медитеранот е огромна масовна гробница со десетици илјади души, која сè уште расте“, рече Франческо Креацо, портпарол на SOS Méditerranée, невладина организација за спасувачки операции во централниот дел на Медитеранот.

„Не се гледа крајот, во 2013 година луѓето велеа ‘никогаш повеќе’ пред малите бели ковчези на Лампедуза, во 2015 година велеа ‘никогаш повеќе’ пред безживотното тело на двегодишното сириско дете на на плажата. Сега зборовите ‘никогаш повеќе’ не се ни изговараат“, додаде Креацо.

Давид Морабито, нуркач од Калабрија, за државната телевизија Rai изјави дека ги извлекол телата на две деца од водата.

„Кога ќе ги видите тие мали, безживотни детски тела, тие слики ви го пробиваат срцето. Толку мртви деца... Трагедија“, рече Морабито.

Remote video URL
Нови дебати во Италија за мерките против мигрантите

Катастрофата дополнително ја поттикна дебатата во Италија за мерките за пребарување и спасување на мигрантите на медитеранската рута, која е најсмртоносна во светот. Екстремно десничарската премиерка Мелони, избрана во септември, вети дека ќе го ограничи доаѓањето на мигрантите.

Нејзината влада минатата недела протурка контроверзна легислатива која ги принудува добротворните организации за помош на мигрантите да извршат само една мисија за спасување животи пред да се вратат во пристаништата, кои често се далеку.

Критичарите велат дека мерката го прекршува меѓународното право и ќе резултира со давење повеќе луѓе. Според Министерството за внатрешни работи, годинава досега по морски пат во Италија пристигнале речиси 14.000 мигранти, наспроти 5.200 во истиот период минатата година.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе