КУП НА МАКЕДОНИЈА 2020/21

Силекс против Академија Пандев во финалето од фудбалскиот куп

Филип Здравески
/ 07.04.2021 / 15:10

За пехарот на 29-тото издание на Купот на Македонија во фудбал ќе се борат екипите на Силекс против Академија Пандев кои успеаја да ги елиминираат своите противници.

Кратовчани денеска гостуваа кај Струга против истоимената екипа каде со еден гол успеаја да слават победа и пласман во финалето.

Одлучувачкиот погодок беше дело на Каракамишев кој со глава се нурна по нафрлувањето на Денис Ристов на втората статива и ја затресе мрежата на немоќниот Раиф Мирселоски на осум минути пред крајот.

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Силекс 0:1 (0:0)
Стрелци: 82' Ристе Каракамишев
Црвен картон: 85' Абдулхади Јахја (Ст)
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Вчера се одигра првото полуфинале во кое се сретнаа последните финалисти, оние од 2019 година, Академија Пандев и Македонија ЃП. За потсетување, ланската сезона се прекина пред да се одиграат полуфиналните натпревари, па немаше ниту победник, ниту пак финалисти.

Струмичани поведоа во 14. минута преку Ферати, но „Лавовите“ во 30-тата израмнија преку зимското засилување од второлигашот Скопје, Ајрулаху. Потоа пех за гостите откако Ферати беше исклучен поради втор жолт картон, но домашните не ја искористија предноста, примија гол од пенал, а потоа ги израмнија силите на теренот бидејќи Китановски исто така собра два жолти.

Длабоко во судиското надополнување со својот втор гол од белата точка Радески го завери пласманот во финалето.

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Академија Пандев 1:3 (1:1)
30' Изет Ајрулаху - 14' Бесник Ферати, 55', 90'+5 Марјан Радески
Црвен картон: 60' Томе Китановски (М), 34' Бесник Ферати (АП)
Главен судија: Јован Качевски (Струга)

За Силекс ова ќе биде четврто финале, но прво по 1997 година. Кратовчани имаат два пехара (1994 и 1997) и еден пораз (1995). А, пак, за Академија Пандев е само второ финале во својата кратка историја. Прв пат играа во 2019 кога и го зграпчија пехарот по победата на пенали против Македонија ЃП.

Финалето треба да се игра на 19 мај, а на кој стадион, тоа допрва ФФМ треба да одлучи.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе