Силва разочаран од ПСЖ: Ангажирањето на Рамос ме повреди

Прославениот бразилски дефанзивец е разочаран од потегот на неговиот клуб во Париз да го донесе Серхио Рамос откако претходно него го исфрли поради возраста.

Тиаго Силва го напушти ПСЖ минатото лето откако не му беше понудено да го продолжи договорот. Причината беше дека е веќе стар, но сега клубот го донесе исто така стариот Серхио Рамос, кој ќе игра токму на неговото место.

Бразилецот сега го носи дресот на Челси, но неговата желба беше да остане во Градот на светлината. Многу го погодил начинот на кој „Светците“ се откажаа од него и тоа велејќи му дека е престар, за потоа да го донесат Рамос кој е едвај помлад од Силва.

„Серхио Рамос беше на исто години кога потпиша двегодишен договор за ПСЖ како јас минатата година кога се разделивме. Не поминав во ПСЖ 8 дена или месеци, поминав 8 години. Имав големи победи и макотрпна работа со која клубот го направивме она што е денес“, се жали Тиаго Силва.

Она на кое алудира Тиаго Силва е тоа што кога си замина од ПСЖ имаше 35 години (во септември му е роденден), а Рамос кога летово потпиша за ПСЖ исто така имаше 35 години (роден е во март).

„Немам ништо против Рамос, но тој потег ме разочара. Ме повреди бидејќи се почувствував како ништо да немам направено за клубот“, додаде тој.

URL

Силва го напушти ПСЖ по загубеното финале од Лигата на шампиони во август 2020 година, но потоа минатава сезона успеа да го освои пехарот играјќи за Челси.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе