Симптомите на корона се разликуваат за вакцинираните и за невакцинираните

Како што се развива SARS-CoV-2, симптомите исто така се менуваат. Губењето на мирисот, на пример, порано беше еден од знаците на болеста COVID-19, но сега е само 9-ти најчесто пријавен симптом кај оние кои имаат инфекција (а не биле вакцинирани).

Иако постојат сличности во симптомите кај оние кои примиле дози вакцина и оние кои не примиле, постојат значителни разлики кои можат да ви помогнат да одредите дали треба да бидете тестирани, пишува IFL Science.

Симптоми кај луѓе кои не биле вакцинирани

1) Главоболка

2) Болки во грлото

3) Течење на носот

4) Треска

5) Постојана кашлица

Покрај тоа што аносмијата (нарушување на сетилото за мирис) падна од листата, отежнатото дишење е 30-тиот најчесто пријавен симптом.

Симптомите за оние кои примиле една доза од вакцината биле слични на оние кои не биле вакцинирани.

Симптоми кај луѓе кои примиле една доза од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Болки во грлото

4) Кивање

5) Постојана кашлица

„Еден од првичните показатели за упорна кашлица беше меѓу првите пет симптоми, но сè уште е под кивање и течење на носот на листата“, пишуваат авторите на студијата.

Кај оние кои примиле две дози од вакцината, разликите биле уште појасни и упорна кашлица не бил меѓу првите пет симптоми на болеста.

Симптоми кај луѓе кои примиле две дози од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Кивање

4) Болки во грлото

5) Губење на мирис

За оние кои се заразиле со коронавирус по примањето на двете дози од вакцината, забележано е дека симптомите траат пократко.

„Постојат неколку причини зошто симптомите може да се променат. Факт е дека оние кои се вакцинирани имаат помалку тешки симптоми, а повеќе случаи пријавуваат помлади луѓе, за кои откривме дека имаат различни, помалку тешки симптоми“, велат научниците.

Иако симптомите малку се променија кај вакцинираните, советите останаа исти.

„Ако сте вакцинирани и почнувате да кивате често без објаснување, треба да се тестирате за ковид, особено ако живеете или работите во близина на луѓе кои се изложени на поголем ризик од болеста“, велат тие.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе