Синдромот на белите дробови стигна до Европа: Воспалението од Кина се појави во Данска и во Холандија

Макфакс
/ 30.11.2023 / 20:14

Данска е погодена од бран од ист тип на пневмонија што ја потресе Кина и предизвика страв од нова пандемија, пишуваат локалните медиуми.

Данските здравствени власти соопштија дека стапката на микоплазма пневмонија, бактериска инфекција за која некои антибиотици се бескорисни, достигнала „епидемиско“ ниво, пишува Jutarnji List.

Пекинг посочи дека истиот патоген е делумно виновен за неговиот „мистериозен“ бран на пневмонија, кој се карактеризира со опасна пневмонија кај децата.

Данскиот институт „Статенс“ (ССИ) откри дека стапките на заболени се тројно зголемени во последните пет недели и предупреди дека повеќе деца ќе бидат заразени оваа зима.

Сето ова доаѓа само неколку дена откако Холандија пријави алармантен пораст на децата кои се борат со пневмонија, со слични извештаи и во Шведска.

Ширењето на заразени случаи ги зголеми стравувањата дека европската епидемија на инфекција се шири низ континентот.

Mycoplasma pneumoniae обично се јавува како лесна болест слична на грип, а заразените страдаат од треска, замор, главоболка, болки во грлото и долготрајна кашлица.

Случаите се најчести кај децата на возраст од 6 до 12 години.

Експертите ја нарекоа оваа болест „атипична пневмонија“, бидејќи пеницилинот, вообичаен антибиотик кој вообичаено помага во заштитата од бактериски инфекции, нема ефект.

Сепак, вишиот истражувач на ССИ, Хана-Дорт Емборг, рече дека избувнувањето не е невообичаено и било предвидено од експертите подолго време.

Таа рече дека Данска обично страда од епидемија на микоплазма пневмонија на национално ниво на секои четири години, обично во есен и рана зима.

„Во последните четири години бројот на инфекции со микоплазма е исклучително низок и затоа не е невообичаено што сега имаме епидемија. Всушност, ова го чекавме откако ја затворивме земјата по пандемијата на коронавирусот“, рече таа.

Како и кинеските здравствени власти, Емборг рече дека неодамнешниот бран на случаи може да биде поголем од вообичаеното бидејќи децата не биле изложени на вирусот за време на пандемијата.

ССИ додаде дека ова не е само појава во Данска и дека, освен во Кина, зголемување на инфекциите со микоплазма е забележано и во Шведска и Сингапур.

Тагови
реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе