Сите безжични полначи се префрлаат на решението на Apple

Технологијата MagSafe е основата на новиот стандард за безжично полнење Qi2.

 

Стандардот за безжично полнење Qi постои веќе 14 години, но корисниците мораа да чекаат неколку години за неговото користење во паметните телефони. Иако овој тип на полнење до денес е ревидиран неколку пати, поради што неговата сегашна верзија 1.3 се смета за многу зрела технологија, секогаш има простор за подобрување, што покажува и презентацијата на најновата итерација на стандардот - Qi2 - за за чиј развој, верувале или не, најголема заслуга има Apple.

WMC (Wireless Power Consortium) очекува Qi2 да ја замени постоечката технологија, а главната разлика помеѓу новата и сегашната верзија е решението што го нарекуваат Magnetic Power Profile, благодарение на кое полначите ќе можат совршено да се позиционираат со помош на магнети, намалувајќи го непотребниот енергетски отпад.

Дали ова звучи познато? Новото решение се базира на технологијата MagSafe на компанијата Apple, која работеше со другите членови на конзорциумот на развојот на стандардот за безжично полнење Qi2.

Според Пол Струсакер, извршен директор на WPC, потрошувачите и продавачите биле збунети околу тоа кои уреди имаат Qi сертифициран, а кои не, но работат без сертификат. „Оваа конфузија може да доведе до лошо корисничко искуство, па дури и безбедносни проблеми“, така што Qi2 ќе мора да обезбеди гаранции за потрошувачите и трговците на мало дека сертифицираните уреди се „безбедни, ефикасни и интероперабилни со други брендови“.

Иако сè уште нема официјални спецификации, портпаролот на WPC наведува дека Qi2 ќе понуди почетна моќност за полнење од 15 W - исто како и MagSafe - и овој стандард на крајот ќе имплементира профили за поголема моќност и различни опции за полнење.

Се очекува првите паметни телефони и полначи со Qi2 сертификат да бидат пуштени во продажба до крајот на 2023 година. Кој би помислил дека Apple знае да ги сподели своите играчки...

реклама

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе