Сите телефони Galaxy S23 ќе изгледаат исто и ќе бидат вистински „ѕверки“

Најновите информации го потврдуваат изгледот на новата серија уреди, а сега знаеме и какви перформанси ќе имаат.

Се чини дека малку може да нè изненади кога станува збор за флегшип телефоните на Samsung за 2023 година. Неодамна „протече“ изгледот на уредот Galaxy S23, а судејќи според последните информации, тие гласини сега се дефинитивно потврдени.

Од претставувањето на Ultra моделот меѓу Galaxy S телефоните, тој се разликуваше по дизајн од обичните и Plus моделите, но тоа дефинитивно се менува оваа година. Производителите на телефони традиционално ги испраќаат точните димензии на своите уреди до производителите на заштитни футроли, така што пазарот е подготвен да го дочека лансирањето, а токму од оваа индустрија ги добиваме најновите информации. На сликите, кои ги сподели познатиот аналитичар Ice Universe, можеме да видиме дека дизајнот на системот на камери ќе биде многу сличен на сите телефони.

URL

Обичниот и Plus моделот на серијата Galaxy S23 ќе имаат три леќи на задната страна, додека пет „острови“ се резервирани за најскапиот модел од серијата Galaxy S, од кои четири содржат сензори за камера, а еден е таму за да помогне во автофокус.

Целосно независно од горенаведените информации, го добивме и првиот резултат од синтетичките тестови. Како што веќе знаеме, серијата Galaxy S23 нема да користи Exynos чипови, но на сите пазари ќе имаме можност да го видиме најновиот чипсет Snapdragon 8 Gen 2, кој сè уште не е официјално објавен.

Сепак, фактот што новиот чипсет не е официјално објавен не значи дека производителите немаат пристап до него, ниту дека нивните инженери не сакаат да ги тестираат можностите на овој чипсет, а резултатот од тестот Geekbench сега е пронајден во онлајн базата на податоци - новиот Snapdragon постигна 1524 Single-Core и 4597 Multi-Core резултат.

Се разбира, не треба премногу да се верува на овие резултати - не затоа што се сомневаме во нивната веродостојност, туку затоа што тестирањето често се прави во лабораториски услови и често не одговара на финалниот уред. Сепак, најголемото внимание на многумина не беше резултат на овој тест, туку конфигурацијата на јадрата во новиот чип. Snapdragon 8 Gen 1, како и Snapdragon 8+ Gen 1 имаа конфигурација 1+3+4, а ако се верува на резултатот Geekbench, новиот чипсет ќе има 1+4+3 конфигурација, односно три ефикасни јадра.

Остануваат уште најмалку три месеци до официјалното претставување на серијата Galaxy S23, кога конечно ќе дознаеме дали информациите што стигнаа до нас се вистинити, но се сомневаме дека ќе видиме некои поголеми изненадувања.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе