Скандал во Барса, на клубот му се заканува исклучување од лигата

Светот на фудбалот сè уште не се опорави од скандалите кои ги потресоа Јувентус и Манчестер Сити, а сега уште еден великан е под сериозни обвинувања - Барселона.

Најугледните светски медиуми објавија дека Барселона би можело да биде строго казнета по извештаите на даночниот инспекторат дека каталонскиот клуб платил 1,4 милиони евра на компанија во сопственост на поранешниот шеф на фудбалските судии во шпанскиот фудбал.

Шпанскиот весник Cadena SER објави дека обвинителството во Барселона тврди дека исплатите биле извршени на компанијата на поранешниот потпретседател на Техничкиот одбор на судии, Хозе Марија Енрикес Негреира, во периодот меѓу 2016 и 2018 година.

URL

Во тоа време, на чело на Барселона беше Хосеп Марија Бартомеу, кој беше обвинет од полицијата за корупција во 2020 година.

Угледниот Athletic пренесува дека плаќањата се вршени преку компанијата DASNIL 95, која е во сопственост на Енрикес Негреира. Се наведува дека на фирмата на овој поранешен судија во 2016 година ѝ биле префрлени 532.728,02 евра, во 2017 година биле исплатени 541.752 евра, а во 2018 година најмалку 318.200 евра.

Кога сведочеа како дел од истрагата, Негреира и неговиот син негираа дека сториле нешто лошо и дека плаќањата се поврзани со стручни совети за однесување кон различни судии. Нагласија дека немало фаворизирање против Барселона на теренот и дека парите биле само за советување.

Ваквиот став го поддржа и клубот, кој официјално се огласи за тоа и соопшти дека ќе поднесе законски мерки против „оние кои го нарушуваат имиџот на клубот“. Тие се лути и што овие наводди се објавуваат во момент кога Барселона има 11 бода предност на врвот во Ла Лига.

URL

Доколку Барселона биде прогласена за виновна, би се соочила со строга казна која може да вклучува одземање бодови или исфрлање од лигата.

Тренерот Чави Ернандес не сакаше да коментира на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Манчестер Јунајтед. Тој само рече дека не бил во клубот кога тоа се случило и дека Барселона официјално се огласила за овие скандалозни наводи.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе