
Škoda вложува многу во електрификацијата, а сега најави шест електрични модели кои ќе пристигнат на пазарот до крајот на 2026 година.
Чешкиот производител најави дека може да се очекува низа целосно електрични возила, а тоа ќе бидат Small, Compact, Combi и Space, на кои ќе им се придружат и обновените верзии на Enyaq и Enyaq Coupe.
Compact ќе пристигне во 2024 година, како компактен кросовер наречен Elroq и ќе биде електричен наследник на моделот Karoq. Ќе биде семеен автомобил долг 4,5 метри, со пространа и практична внатрешност.

Small ќе дојде во 2025 година како компактен автомобил во SUV стил, ќе биде долг 4,1 метри и ќе чини 25.000 евра.
Обновените Enyaq и Enyaq Coupe ќе бидат претставени во 2025 година и ќе имаат значителни промени во дизајнот.
Combi се очекува во 2026 година како електричен караван кој ќе има должина од 4,7 метри и ќе биде идеален и за семејствата и за бизнисите.

Шестиот модел е моментално познат како Space, a станува збор за кросовер со седум седишта инспириран од минатогодипниот концепт Vision 7S. Oва ќе биде најголемиот електричен автомобил на Škoda со должина од 4,9 метри и ќе понуди огромен простор во внатрешноста, а ќе го краси новиот Modern Solid дизајнерски јазик, кој ги „реинпретира традиционалните обележја и храбро отвара нови терени”, велат од Škoda.

Škoda ќе инвестира 5,6 милијарди евра во електрична мобилност до 2027 година.