Слон нокаутираше турист во Тајланд
Немојте да си играте со слонот додека јаде. Ова е лекцијата која ја научи еден турист, додека се наоѓаше на одмор во Тајланд.
Во видео снимка која кружи на интернет, туристот Коди Стиндер му нуди на слонот лист, обидувајќи се да му се доближи што е можно повеќе.
Неколку секунди подоцна, во моментот кога туристот го допре, слонот го нокаутираше со силен удар на својата сурла. Мажот заврши на земја, но имаше среќа и помина без повреди.
Како што пишува „Daily Mail“, Коди се исплашил дека слонот ќе го прегази, па набргу станал и заминал од местото на настанот.