Словенечкиот Индијана Џонс откри досега непознат град на Маите

Досега непознат древен град на Маите е откриен во џунглите на Јужно Мексико, соопшти антрополошкиот институт на таа земја, додавајќи дека пред повеќе од илјада години најверојатно бил важен центар.

Градот вклучува големи згради слични на пирамиди, камени столбови, три плоштади со „импозантни згради“ и други структури распоредени во речиси концентрични кругови, соопшти институтот ИНАХ.

ИНАХ соопшти дека градот, кој го нарекле Окомтун - што значи „камена колона“ на јазикот на Маите од Јукатан - веројатно бил важен центар за централниот низински регион на полуостровот помеѓу 250 и 1000 година од нашата ера.

Сместен е во еколошкиот резерват Баламку во сојузната држата Кампече на полуостровот Јукатан во Мексико и беше откриен за време на игражување на главно неистражен дел од џунглата со територија поголема од Луксембург. Пребарувањето се одвиваше помеѓу март и јуни со помош на технологијата за воздушно ласерско мапирање (LiDAR), а го водеше словенечкиот аргхеолог Иван Шпрајц.

Цивилизацијата на Маите, позната по своите напредни математички календари, се простира во Југоисточно Мексико и делови од Централна Америка. Широкиот политички колапс довел до нејзино опаѓање векови пред доаѓањето на шпанските освојувачи, чии воени кампањи довеле до пад на последното упориште на Маите, кон крајот на XVII век.

Локалитетот Окомтун има јадро, лоцирано на високо место опкружено со големи мочуришта, што вклучува неколку структури слични на пирамида високи до 15 метри, рече во соопштение водечкиот археолог Иван Шпрајц.

Градот имал и терен за играње спорт со топка. Предхиспанските игри со топка, широко распространети низ регионот на Маите, се состоеле од додавање на гумена топка, што го претставувала Сонцето, преку теренот без употреба на раце и уфрлување низ мал камен обрач. Се верува дека играта имала важна религиозна цел.

Шпрајц рече дека неговиот тим, исто така, пронашол централни олтари во област поблиску до реката Ла Ригена, која можеби била дизајнирана за ритуали во заедницата, иако се потребни повеќе истражувања за да се разберат културите што некогаш живееле таму.

Локацијата веројатно се намалила околу 800 до 1000 година од новата ера, судејќи според материјалите извлечени од зградите, рече тој, додавајќи дека ова веројатно е одраз на „идеолошките и промените на населението“ што довеле до колапс на општеството на Маите во тој регион до X век.

Иван Шпрајц е познат мезоамерикански експерт за археологија и археоастрономија. Тој и неговиот истражувачки тим имаат откриено неколку археолошки локалитети, вклучително и важни регионални политички центри на Маите. За него велат дека е вистинскиот Индијана Џонс.

Шпрајц, исто така, одигра клучна улога во револуционерната студија за календарот на Маите, во која истражувачите открија дека системот за мерење на времето на Маите е стотици години постар од претходните истражувања наведени и можеби се користел уште во 1100 година п.н.е., пишува The Slovenia Times.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе