Словенија денеска ги отвора аеродромите

Словенија од денеска ќе дозволи авиосообраќај за меѓународни патници, откако осум недели овој сектор беше во застој поради пандемијата со коронавирус, соопшти словенечката Влада.

„Забраната за меѓународни летови од ЕУ и други земји кон словенечките меѓународни јавни аеродроми не е веќе потребна“, стои во соопштението од Владата.

Понатаму се додава дека во изминативе недели се преземале бројни мерки во авиосекторот со цел да се заштити јавното здравје.

Словенија досега има пријавено 1.460 случаи на заболени од COVID-19 и 102 смртни случаи.

Fraport Slovenia, компанијата која управува со најголемиот словенечки аеродром во Њубњана, а е во сопственост на германската Fraport AG Frankfurt, ја поздрави одлуката, но рече дека повеќето авиокомпании ги одложиле летовите кон и од Љубљана до крајот на мај.

„Без разлика дали ќе има нешто деновиве, вие обезбедете сѐ што е потребно за да се осигура безбедно рестартирање на патничкиот сообраќај“, стои во соопштението од Fraport.

Пред да бидат воведени рестриктивните мерки, аеродромот во Љубљана ја поврзуваше Словенија со бројни дестинации, главно европски. Товарниот авиосообраќај не престана со работа.

Владата додаде дека авионите од странство нема да смеат да слетуваат на помалите локални аеродроми низ Словенија до 12 јуни.

Од средината на март во Словенија беа затворени сите училишта, барови, ресторани, хотели, продавници (освен за храна и лекови) и беше суспендиран јавниот превоз.

Воведен беше и задолжителен седумдневен карантин за повеќето луѓе кои влегуваа во земјата.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе