Снежна апокалипса ја зафати Москва, 60.000 комуналци го чистат градот

МИА/КАЈГАНА
/ 13.02.2021 / 09:45

Силна снежна бура денеска ја погоди Москва, а повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила со специјална опрема дење и ноќе ги чистат улиците и носат снег на места каде што се топи, прочистува и фрла во реки.

На овој начин комуналните служби во Москва се обидуваат да спречат можен колапс, бидејќи се очекува до денеска да паднат повеќе од 35 сантиметри снег, а висината на снежната покривка до понеделник да биде повеќе од половина метар.

Времето е многу студено, возачите не можат да ги контролираат возилата на мразот, а повеќето московјани, кои утрово тргнаа на работа со автомобил, доцнеа на својата дестинација, пренесуваат локалните медиуми.

Поради мразот и намалената видливост, возачите се повикуваат да бидат претпазливи, да не возат брзо и да држат растојание. Улиците се завеани, комуналните служби постојано работат, а сообраќајот се одвива бавно и отежнато.

Во градот постојано работат 56 стационарни „топилници“, како и 38 подвижни „топилници“ на снег – специјални возила што го топат и прочистуваат снегот „во од“. По улиците постојано поминуваат вакуумски машини и мала механизација, како и „тешка механизација“.

Механизирано се топи и мразот на улиците и тротоарите, а снегот се носи на посебни депонии.

Remote video URL

Последен пат во Москва олку снег имало во 2018 година, а невремето овој пат го донесе балканскиот циклон „Волкер“. Домашните и странските медиуми веќе ја нарекуваат состојбата „снежна апокалипса“.

Moscow residents enjoy snow day

Moscow residents enjoy snow day! https://en.royanews.tv/news/25471/2021-02-12 (Source: AFP)

Posted by Roya News English on Friday, February 12, 2021
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе