Снимки стари 30 години ја откриваат мистеријата на Венера

Анализата на снимки стари 30 години покажа дека Венера е геолошки жива планета.

Научниците веќе половина век се обидуваат да најдат знаци на вулкански ерупции на Венера, но нејзината густа атмосфера ги спречува набљудувањата од Земјата.

Во новото истражување, научниците успеаја да најдат докази за вулканска ерупција на снимката од одамна завршена вселенска мисија - тие видоа вулкан на Венера што го менува обликот и се шири и нешто наликува на лава во кратерот.

Изненадување после макотрпен труд

Авторите на трудот објавен во списанието Science објаснуваат во своето резиме дека мисијата на НАСА Magellan од 1990 до 1992 година ја снимила површината на планетата користејќи радар од орбитата на Венера. Кога ги истражувале снимките на Magellan од вулкански области, тие идентификувале вулкански отвор со површина од околу 2,2 km2, кој го променил обликот во осум месеци помеѓу двете радарски снимки. Покрај тоа, тие забележале можни текови на вулканска лава во внатрешноста на кратерот. Сепак, нема дефинитивни потврди за неговото излевање, бидејќи постои можност евидентираните формации да постоеле и претходно. Супстанцата што го пополнува отворот може да биде паѓање на карпи предизвикано од лизгање на земјиштето. Исто така, можно е формациите налик на поток да биле веќе присутни на сликите во февруари, но не можеле да се видат поради аголот на кадарот.

Remote video URL

Мисијата Magellan беше првата што ја сними целата површина на Венера пред леталото намерно да биде испратено во топлата, токсична атмосфера на планетата во 1994 година за да го собере конечниот сет на податоци.

„Овие резултати ги толкуваме како потврда дека на Венера има постојана вулканска активност“, велат авторите.

„Се обложувам дека имало ерупција на езеро од лава“, коментира еден од двајцата коавтори на новото истражување, Роберт Херик, планетарен научник од Универзитетот во Алјаска Фербенкс.

Херик и неговиот колега Скот Хенсли забележале вулкански отвор на огромниот вулкан Маат Монс.

„Навистина не очекував успех, но по околу 200 часа рачно споредување слики од различни орбити на Magellan, видов две слики од истиот регион направени со разлика од осум месеци, кои покажуваат индикативни геолошки промени предизвикани од ерупцијата“, рече Херик за CNN.

Тој ги снимил промените на сликите во регионот Атла, огромна планинска област каде што се наоѓаат двата најголеми вулкани на Венера, наречени Оза Монс и Маат Монс. И двата се слични на најголемите вулкани на Земјата, но бидејќи имаат помали падини, тие се пораширени, објасни Херик.

Резултатите ја изненадија научната заедница. Научниците и претходно имаа индиректна потврда за вулканска активност на Венера, но очекуваа дека ќе ја пронајдат дури на почетокот на 2030-тите, кога две вселенски летала со врвни радарски системи кои продираат во облак - VERITAS на НАСА и European EnVision - ќе стигнат до Венера.

Тоа ќе помогне да се разбере разликата помеѓу Земјата и Венера

Ова откритие има големо значење за научната заедница бидејќи може да помогне да се објасни како две планети со сличен состав и големина - Венера и Земја - тргнале по различни патеки во нивната еволуција.

Научниците веруваат дека Венера имала и океани на својата површина во далечното минато кои исчезнале поради некоја необјаснета катаклизма. Еден од можните виновници за ваквиот развој на настаните би можеле да бидат климатските промени предизвикани од огромните вулкански ерупции.

„Ако сакате да го разберете единствениот друг свет со големина на Земјата до кој некогаш ќе дојдеме, каде било во универзумот, Венера е единствениот избор што го имате“, изјави за Scientific American Пол Бирн, планетарен научник од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој не бил вклучен во новото истражување.

Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Наука

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Read more

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Read more

Најголемите езера во светот драстично се намалуваат

Read more

Опаѓа бројот на речиси половина од животинските видови во светот

Read more
 

Гик

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе