Со аплауз дочекан докторот обвинет за пожарот во тетовската болница: Ослободете го, го чекаат пациенти

Докторот Бобан Вучевски, кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово, со аплауз беше пречекан од пациенти пред судот каде се даваа завршни зборови.

Тој се поздрави со дел од нив, кои беа собрани за да побараат слобода за него. Се заблагодари и за поддршката. Десетици граѓани порачаа дека судот треба да донесе ослободителна пресуда.

„Конечно време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот. Да не доаѓа до овие судници, на него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал, во нашава држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да нè лекува. Овој доктор треба да биде наградем  а не да доаѓа овде по судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им пружа што е можно најголема помош“, рече жена која беше на протестот пред судот.

Remote video URL

Лице дојдено да го поддржи докторот Бобан Вучевски, му посочи на судот дека ако сака да го подобри процентот на доверба – тогаш да размислат за пресудата.

„Грешката е кај Обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием во модуларна болница, да проверува електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се од огноотпорни или помалку запаливи. Кривицата е кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не кај докторот кој 24 часа беше достапен на сите граѓани“, додаде друго лице кое бара ослободување од вина.

Судењето е пред носење на пресуда.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе