Лидерот Струга ја зголеми предноста на врвот откако денеска кај Градската плажа го победи бранителот на тронот, чаирски Шкупи.
Со вонредно коло денеска се комплетираше вториот од трите дела од тековнава сезона од најдобрата македонска фудбалска лига.
Дербито се одигра на стадионот „Градска плажа“ во Струга каде истоимениот домашен тим со 2:1 успеа да слави над Шкупи. Домаќините поведоа преку Шабани од пенал во 22. минута, резултат кој беше активен сѐ до самиот крај. Потоа во 89. минута Ибраими, исто така од белата точка, ја запечати победата пред Костариканецот Алварес длабоко во надополнувањето да постигне пиров погодок за ублажување на поразот.
Третопласираната Шкендија не дозволи изненадување среде Тетово и го совлада Работнички, додека Силекс потфрли домка губејќи од Брегалница.
Академија Пандев запиша огромна победа над директниот конкурент за испаѓање, прилепска Победа, која благодарение на бодот освоен од Скопје против „Лавовите“ од Ѓорче падна на последното место.
Резултати од 22. коло:
Академија Пандев - Победа 3:0
3' Мартин Ѓоргиевски, 70' Кристијан Велиновски, 72' Марио Врдољак
Скопје - Македонија ЃП 1:1
90'+4 Бујар Хајдари - 2' Матеус да Силва
Шкендија - Работнички 3:1
10' Клисман Цаке, 28' Наско Ленков, 82' Мустафа Музејиновиќ - 90'+3 Анес Рушевиќ
Силекс - Брегалница 1:2
90'+4 Филип Стојчевски - 41' Ѓорѓи Ѓорѓиев, 49' Давид Калпачки
Струга - Шкупи 2:!
22' (п) Буњамин Шабани, 89' (п) Бесарт Ибраими - 90'+7 Фреди Алварес
Табела:
- Струга 42
- Шкупи 38
- Шкендија 35
- Силекс 32
- Брегалница 29
- Тиквеш 28
- Македонија ЃП 25
- Работнички 24
- Академија Пандев 19
- Скопје 14
- Победа 13
Викендов почнува третиот дел од сезоната за кој ФФМ по денешното коло направи распоред, согласно Бергеровиот систем на натпреварување за сезона во три дела. Според тоа, викендов ќе се сретнат:
Струга - Македонија ЃП
Шкупи - Работнички
Шкендија - Академија Пандев
Силекс - Скопје
Брегалница - Победа
Интересно, повторно слободен е тимот на Тиквеш, кој беше слободен и денеска.