Собранието ја усвои потребата за донесување Декларација за осуда на воените напади врз Украина

Со 104 гласа „за“, 3 „против“ и 1 „воздржан“, во рамките на 65-тата седница, Собранието попладнево ја усвои Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, по скратена постапка. Декларација е по предлог на пратеничките од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова и Маја Морачанин.

Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади врз Украина, пратеничката од ЛДП, Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

– Жалам што во XXI век сведочиме повторно на напад на мирот, предизвик кој на никој не ни доаѓаше ниту на сон дека ќе се соочуваме. Она што се случува денес во Украина, не е само предизвик на Украина и не ја засега само Европа или Азија, туку целиот свет. Ваквите напади, не го загрозуваат само мирот и безбедноста на Југоисточна Европа туку и мирот на Балканот, рече Зајкова.

Таа изрази надеж дека овојпат пратениците ќе бидат единствени во донесувањето на декларацијата и оти, како што рече, војната не е метод за решавање на споровите.

– Законодавниот дом, како највисока институција во една парламентарна демократија, не смее да молчи на случувањата и мора итно да ја осуди воената агресија која се случува во срцето на Европа и да искаже јасна заложба за почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Во дипломатијата важи едно правило дека секое молчење е согласност или одобрување, затоа не смееме да молчиме. Недозволиво е во XXI век да биде доведено во прашање постоењето на суверена и независна држава, мешајќи се во внатрешни работи, попречувајќи ги нејзините стратешки определби. Со оваа Декларација како владејачка коалиција, најостро ја осудуваме со ништо неиспровоцираната воена агресија на Русија врз Украина, која доколку итно не престане, светот ќе сведочи за огромни катастрофи и загуба на голем број човечки животи, подвлече Зајкова.

Таа посочи дека случувањата во Украина се еклатантно кршење на меѓународното право, сериозна закана за европската безбедносна архитектура и го доведува во прашање мирот во целиот европски континент.

– Ниту една детска солза или траума нема да биде простена. Војната секогаш носи само уништување и смрт. Дури и најблагодарните мотиви, кои се облиени со крв, се само лицемерна амбиција, недостојна за цивилизираниот свет, потенцираше пратеничката, која ги повика пратениците да ја донесат Декларацијата.

Претседателот на Собранието Џафери ги задолжи Комисијата за надворешна политика и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлог-декларацијата.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Македонија

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more
 

Вести

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе