Собраниска расправа околу пописот – кој зборува за политика, а кој за статистика

Дали пописот ќе биде статистичка или политичка операција, беше клучното прашање околу кое се расправаа пратениците попладнево. Владејачкото мнозинство остана на ставот дека Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а опозицијата, квалификувајќи го како паушално решение и алатка за демографски и етнички инженеринг, повторно побара негово повлекување и отворање широка јавна дебата со цел постигнување општествен консензус.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.

Ваквите констатации СДСМ ги нарече копи-пејст реплики и уште еднаш потенцира дека пописот ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди. Опозицијата мора да сфати дека ова е статистичка операција, а не политички заговор, порача СДСМ.

– Надминете ги внатрепартиските договори во интерес на граѓаните и државата и повлечете го законот,  овозможете широка јавна дебата за да се најде општествен консензус чие немање ќе предизвика дологорчни штети. Пописот е многу важна операција која треба да биде статистичка, но кај нас, за жал, како што се предлага, ја надминува таа форма и преминува во политичка која ќе има огромно влијание врз идниот развој на државата. Затоа е неопходен широк општествен консенсуз, партиски, етнички, стручен. Тврдам дека ова што го предлагате не е попис, туку политички договор меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата, за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред договорен исход, истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реплицираше Диме Велковски од СДСМ со прашање до колегата од опозицијата – дали земјава треба да чека попис уште 20 години.

– Предлог-законот гарантира попис согласно сите меѓунарони стандарди, дигитализиран и според Евростат, нагласи Велковски.

ВМРО-ДПМНЕ уште едаш кажа дека не е против пописот, туку против начинот предвиден за негово одржување.

– Имаме против насилен попис кој нема да ја отслика реалноста во државата и против начинот на кој ќе се спроведе. Мора да се разграничи државјанството со резидентноста. Не смее државјанството да биде единствен критериум, туку мора да е вклучена и резидентноста. Со овој предлог-закон ќе се попишат луѓе кои со години не живеат тука. Тоа ќе ги доведе во прашање веродостојноста и релевантноста на резултатите од пописот. Дополнително, попишувањето е предвидено без покажување каков било доказ или лична идентификација, укажа Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, дополнувајќи ја својата дискусија со забелешката за врзаниот потпис меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик.

За збор се јави и Борислав Крмов од Левица. Рече дека законот се турка по секоја цена.

– Целиот закон е проблематичен, нема дефиниција за пописни единици, население, станови, за лицата кои ќе се попишуваат не се бара да се македонски државјани, а трето полнолетно лице со двање матичен број ќе може да попише некој член од својата фамилија. Народот не знае што му се спрема. Но, ова фрлање магла во очите на јавноста, нема да ви успее. Се сомневаме дека бројките за етникумите се веќе определени, само реалноста ќе се прилагоди кон нив, рече Крмов и потсети дека сите амандмани за предложениот текст од опозицијата беа одбиени.

Remote video URL

На тоа реплицираше заменик-министерот за правда, Агим Нухиу.

– Во првата верзија забелешките кои беа аргументирани, беа инкорпорирани во новиот текст на законот. Во работните тела на Собранието не ги прифативме амандманите за кои сметавме дека не им е место во законот зашто тој ги има основните принципи, духот и концептот, а операционализацијата ќе се определи со методологијата и подзаконските акти. Не го прифативме амандамнот за постпописното истражување зашто во пописот нема да се користи класичната метода, туку комбинираната. Институциите ќе ни овозможат квалитетни, ажурирани податоци, објасни Нухиу.

Расправата која е во рамки на 29-тата собраниска седница ќе продолжи утре во 12 часот.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more
 

Вести

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе