Софија: Дадовме дозвола за прелет на руски авион

Официјален претставник на бугарската Влада потврди за БГНЕС дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја.

Изворот појасни дека се работи за дозволен лет од МНР, кој имал хуманитарна цел – да ги земе руските дипломати.

Руски владин авион утринава во 9:26 часот слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Тој полетал од Сочи и минал низ воздушниот простор на Бугарија, која во февруари годинава објави дека забранила летови на руски авиони низ нејзина територија.

Претходно, N1 јави дека рускиот авион Ильюшин-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полетал за Белград преку Бугарија.

Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9:30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, што е ознака за руските државни авиони.

Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот „Никола Тесла“ каде слета рускиот авион. Од друга страна, љубителите на авијацијата на Instagram објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром, истакнува Н1.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.

Веб-страницата flightradar24 покажува дека истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17 април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе