Соларната бура доаѓа, прашање е само кога

Научниците предупредуваат дека ни се заканува екстремна соларна бура како онаа во 1859 година, што би можела да ја „спржи“ електричната мрежа и да ги уништи комуникациските системи ширум светот.

Тие наведуваат дека веќе не се работи за тоа дали ни се заканува вакво сценарио, туку кога.

Научниците од Националната метеоролошка служба на Велика Британија тврдат дека екстремните временски неприлики веќе направиле огромна штета, па така геомагнетската бура оставила шест милиони луѓе без струја во 1989 година, а астронаутитите на „Аполо“ успеале да избегнат вселенско зрачење.

Соларните бури, што се всушност огромни радиоактивни честички на Сонцето, се огромна закана за бројни инфраструктурни системи, а токму тие се во фокусот на новата европска вселенска мисија и леталото Солар Орбитер што ќе му се доближи на Сонцето.

Сателитот моментално е во рацете на британските научници кои ги прават последните проверки, пред да го пратат леталото во Германија каде ќе биде подложено на тестови во текот на една година.

Планот е леталото да биде лансирано кон Сонцето во 2020 година.

Солар Орбитер би требало да направи детална анализа на Сонцето и внатрешната хелиосфера, за да може научниците подобро да го разберат и да го сфатат, а со тоа и да се обидат да го предвидат однесувањето на нашата ѕвезда.

Кетрин Барнет од Националната метеоролошка служба на Велика Британија вели дека овој сателит ќе помогне во подготвувањето за следните соларни бури.

Најголемата соларана бура досега, наречена Карингтон, во 1859 година го „исфрлила“ од погон телеграфскиот систем на САД и предизвикала пожари во многу канцеларии. Ако се повтори таква бура, би можело целосно да исчезне глобалната технолошка инфраструктура.

Научниците сметаат дека вакви големи соларни феномени се случуваат еднаш во 100 или 200 години и дека е само прашање кога ќе се случи следната, а не дали воопшто ќе се случи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе