Сомнителниот случај во Северна Кореја е негативен на COVID-19

Човекот кого Северна Кореја го прогласи за „првиот сомнителен случај на COVID-19“ не бил носител на вирусот, тврди Јужна Кореја.

Човекот наводно пребегал од Север на Југ пред три години и минатата недела се чини решил да се врати назад.

Јужна Кореја вели дека 24-годишниот маж стигнал до Северна лазејќи низ одводна цевка на еден јужен остров, а потоа пливал околу 1,5 километар.

„Лицето ниту е регистриран пациент со COVID-19, ниту е класифицирано како лице кое имало контакти со други пациенти носители на вирусот“, изјави Јон Тае-хо, висок здравствен службеник, според новинската агенција Yonhap.

Биле направени тестирања на две лица кои биле во близок контакт со бегалецот и двата теста се негативни на COVID-19.

Викендов Северна Кореја го прогласи човекот за „вратен бегалец од Јужна Кореја“ и „сомнителен случај на COVID-19“.

Тој пристигнал во севернокорејскиот град Каесонг, во близина на крајбрежјето, на 19 јули.

Пациентот бил прегледан од медицинска екипа и ставен во карантин заедно со сите со кои бил во контакт изминатиот период, објави KCNA.

Ким Џонг Ун воведе мерки за изолација за регионот околу Каесонг и прогласи вонредна состојба во едно „релевантно подрачје“.

Централната воена комисија ќе спроведе истрага во единицата одговорна за нелегалниот влез на пациентот во земјата и „најстрого ќе ја казни“, објави новинската агенција.

Претходно Ким ја пофали државната администрација за успешното сузбивање на епидемијата во земјата која уште нема официјално пријавено заболен од COVID-19.

Треба да се напомене дека многу ретко се случува луѓе кои пребегале од Северна во Јужна Кореја да се вратат на Север. Јужнокорејското Министерство за обединување за BBC соопшти дека од 2015 година наваму имало само 11 вакви случаи, од кои последниот во 2017 година. Ако биде потврден и овој случај, ќе биде дванаесеттиот.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе