Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28°C.
Во Скопје претпладне свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Максималната температура ќе достигне 25°C.