По лимузината на струја од 2020 година, јапонскиот технолошки гигант претстави уште еден електричен автомобил.
Sony е компанијата која не би очекувале да ја видите на Саемот за потрошувачка електроника CES 2022 во Лас Вегас, но веројатно не со ваков производ.
Станува збор за моделот Vision-S 02, SUV со 3 реда седишта и 7 места за патници. Има гуми од 20 инчи и тежи 2480 килограми.
Електричниот SUV е со погон на сите четири тркала благодарение на двата електрични мотори, а секој од нив произведува 272 КС.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5 секунди. Максималната брзина е 180 км/ч.